Активен е повикот на ФИТР каде што може да се аплицира за грантови за нови модерни технологии за профитабилен агробизнис, поддршка од инвестицијата. Повикот за аплицирање е до 15.06.2022.
Гео Инновус ДООЕЛ е фирма чија дејност опфаќа дистрибуција, консалтинг и услуги од областа на инженерска геодезија и земјоделство, застапник за реномираниот светски бренд Trimble на пазарот во Република С.Македонија.
Располагаме со Тrimble опрема за прецизно полјоделство (Trimble Agriculture)и геодетска опрема. Покрај продажба, обезбедуваме поддршка, едукација и обука на сите наши клиенти и соработници.

TRIMBLE СИСТЕМИ ЗА ПРЕЦИЗНО ПОЛЈОДЕЛСТВО!
Портфолиото на производи Trimble Agriculture вклучува цел асортиман на системи и софтвери за прецизно полјоделство. Достапни се решенија за сите фази на полјоделско производство, од сеидба до жетва.
Зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста, исполнувањето на агротехничките рокови, истовремено намалувањето на трошоците и зголемувањето на приносите стануваат императив. Тоа може да се постигне само со примена на најсовремена технологија, која овозможува навремени одлуки и целосна контрола на земјоделското производство.
Примарен чекор кон дигитализација за полјоделството е вложување во пакетот на опрема за прецизно полјоделство! Trimble пакетот на опрема го сочинуваат хардверски и софтверски навигациони решенија за современо управување со земјоделскиот имот.
Каква придобивка имаат полјоделците со вложување во Trimble системите за прецизно полјоделство
Оваа опрема им помага на полјодлеците да бидат поврзани со своите работни задачи во реално време, и да носат одлуки врз веќе добиени податоци во реално време, што придонесува поголема продуктивност, профитабилност и одржливост. Trimble системите се разликуваат во корекциските сигнали, односно точности кои полјоделецот треба да ги постигне за да ги задоволи своите потреби. Постојат системи за асистирано (мануелно) следење на корекциски сигнали и автоматско управување и следење , преку инсталирање Trimble AutoPilot ситемите, кои самиот систем ги следи корекциските сигнали со точност од 2.5 cm. Trimble Agriculture има решениja кои можат да ги задоволат повеќето потреби на секој земјоделец без оглед на големината на парцелата или брендот на машините.




