Одгледувањето на кромид од арпаџик е сигурен и едноставен начин. Особено е погоден за во градина и за ситно производство.

За производство на главица кромид најдобро е да се употреби средно крупен арпаџик. На подотвена и избраздена површина се сади што порано на пролет. Секое доцнење на сеидбата доведува до намалување на приносот и влошување на квалитетот на кромидот.
На мали површини се сее рачно во редови со растојание од 8 до 10 см. Големите површини се сеат со сејачки, на меѓуредово растојание 30 см или во леи со 4-6 редови. Помеѓу нив се остава растојание од околу 50 см, а помеѓу редовите во леите 20 см. За еден хектар е потребно, во зависност од големината, 300-1000 кг арпаџик. Семето се става на длабочина од 2 см. Модерните сеидбени агрегати истовремено извршуваат и валање, додека на површините кои се засеани рачно се тапкаат со штици. Во случај времето да е суво, би требало да се обезбеди залевање, најдобро со оросување.


Кај садењето е важно добро да се сврти арпаџикот – делот кој ќе ги потера корењата надоле, врвот кој ќе го потера листот нагоре. Арпаџикот фатете го со двата прста и благо притиснете го во почвата.
Вадење и чување на арпаџик
Кромидот се вади кога растенијата ќе омекнат во зоната на вратот, а листовите почнуваат да пожолтуваат и кога 50% од растението ќе полегне. Подоцна извадениот кромид потешко се чува. Извадениот кромид најпрво неколку дена се суши на парцелата, а потоа се внесува под настрешница или некои друго место на провев да се доисуши. Се чува на суви и проветрени простории. Просечен принос од еден хектар се движи од 15-30 тони.

Извор: agrosavjet.com
