Хортензиите се еден од омилените цветови, кои секогаш привлекуваат внимание. Чест избор се за двор, градина, но и како цвеќе во вазни и букети.
Хортензијата сака кисела почва, а промената на бојата се случува поради pH-вредноста на земјата, која се движи од кисела до алкална.
Бојата на цветот на хортензијата ја одредува и на неа влиаје pH-вредноста на почвата.
Доколку земјата е алкална, тогаш хортензиите ќе бидат со розева боја. Алкалното земјиште има pH-вредност отприлика 7-9 и главно содржи глина. Доколку земјата е покисела, тогаш pH-вредноста е околу 5 или помалку од 5,5, а хортензиите во ваква почва остануваат со сина боја. Доколку знаете дека земјата во која сакате да засадите сина хортензија е алкална, потребно е при садењето да додадете во земјата градинарски сулфур или средства кои ја закиселуваат почвата.
Како да ја промените бојата на вашите хортензии?
Сега кога знаете поради што хортензијата ја менува бојата, знаете и дека менувањето на бојата на овој цвет е во ваши раце. Да се промени pH-вредноста на земјиштето не е особено тешко.
Меѓутоа, ако имате хортензија со беж боја, можеби магијата нема да се случи во целост. Оваа хортензија тврдоглаво останува во својата боја, а во текот на летото може да премине во благо розева боја.
Ако сакате вашата хортензија да има сино-виолетови цветови, земјиштето околу неа мора да бид покисело. Киселото земјиште ќе помогне алуминиумот да се пренесе во растението, што ќе доведе до сина боја.
Доколку вашата хортензија е сина, тоа значи дека земјиштето околу неа е доста кисело. Органско ѓубриво ќе ви помогне дополнително да го закиселите земјиштето. Органско ѓубриво можете да направите од остатоци од вашата кујна како што се талог од кафе, кора од банана и слично.
Ако сакате розева хортензија, посоветувајте се со стручњаци од земјоделска аптека кои ќе ви препорачаат производи за намалување на киселоста на земјиштето што ќе предизвика вашата хортензија да цвета во розева боја.
Лушпа од јајце, пепел, школки од летување, како и кора од лимон ќе направат земјиштето да се ослободи од киселоста, па ќе добиете хортензија во нежно розева боја.
Започнете со промена штом ги посадите
За да добиете што подобри резултати, најдобро е да започнете со промена или задржување на бојата веднаш штом ја посадите хортензијата. Средствата кои го закиселуваат земјиштето терба да се применат 2-3 пати годишно. Доколку е зимата потопла и подолга вегетациската сезона, 3 апликации се оптимални.