Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита.
Начинот на аплицирање е со поднесување на деловен план/технички предлог проект и придружната документација наведена во официјалниот текст на јавниот повик најдоцна до 29.03.2025 год.
За навремена подготовка на проектна документација јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат земјоделски стопанства кои се регистрирани во ЕРЗС и се занимаваат со растително производство (житни, индустриски и фуражни култури, лозови насади, други култури од Анекс I) или сточарство (говеда, свињи, овци, кози, живина, друг добиток од Анекс I).
Земјоделските стопанства може да бидат:
1. Семејни земјоделски стопанства
2. Индивидуални земјоделци
3. Микро, мали и средни претпријатија
Покрај земјоделски стопанства, на јавниот повик може да аплицираат задруги и здружени правни лица (за колективни инвестиции).
ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Основната поддршка преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.
Процентот на кофинансирање се зголемува до:
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (линк до листата)
- 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 до 40 години)
Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 750.000 евра.
Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 20.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 20.000 евра нема да се разгледуваат.
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
- Трактори ЕУРО 5
- Мотокултиватори
- Фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки
- Ѓубрерастурачи за минерални и арски ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво
- Култиватори, расадосадачки
- Опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/сетвоспремачи
- Прскалки, атомизери, опрема за кроење, чистачи на плевел
- Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, собирач на пченка, копач, берачи
- Машини за грубо рамнење/чистење на почва
- Сортирачка, калибратор
- Опрема за транспорт на овошје и зеленчук
ВАЖНО: Прифатливи за поврат до 70% се и трошоците за консултантски услуги за подготовка на проектна документација. За професионална подготовка јавете се на тел. 071 285 385 или испратете e-mail на [email protected]
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ НА ТРАКТОРИ
Набавката на трактор треба да биде во согласност со горната граница за моќност изразена во киловати (kW) согласно регистрираниот производствен капацитет на земјоделското стопанство.
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ha) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW) |
---|---|---|
Лозови насади (само вински сорти) | 1-10 | 60 |
10-50 | 80 | |
над 50 | 100 | |
Житни и индустриски култури | 1-10 | 80 |
10-50 | 110 | |
над 50 | 150 |
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (добиточни единици) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW) |
---|---|---|
Говеда за тов и млечни крави | 10-20 | 60 |
20-50 | 80 | |
над 50 | 100 | |
Свињи | 8-100 | 60 |
100-500 | 80 | |
над 500 | 100 | |
Овци/кози | 10-50 | 60 |
над 50 | 80 | |
Живина | 10-140 | 60 |
140-1400 | 80 | |
над 1400 | 100 |
НАПОМЕНА: Во случај корисникот претходно да користел ИПАРД грант за набавка на нов трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД III програмата. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.
За навремена подготовка на проектна документација јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]