Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да се продадат земјоделските производи преку интернет и зошто комуникацијата е најважна?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Како да се продадат земјоделските производи преку интернет и зошто комуникацијата е најважна?
Пазари

Како да се продадат земјоделските производи преку интернет и зошто комуникацијата е најважна?

Последна измена: 15/04/2020 09:44
Сподели
7 мин. за читање
Сподели

Кога веќе интернетот и социјалните мрежи станаа неопходни за земјоделците, треба да има некој кој ќе се занимава со комуникацијата  преку интернет – смета експертот за маркетинг Драган Варагиќ.

Поради тоа што земјоделците не можат своите производи да ги продаваат на пазарите или на некои други отворени места, голем дел од нив, речиси насекаде во светот,  своите „тезги “ ги преместија на интернет. Многу земјоделци започнаа самостојно да даваат оглси преку социјалните мрежи, а некаде се направија и специјални платформи како на пр. Електронскиот пазар на Србија  што всушност претставува иницијатива на нивното Министерство за земјоделство со цел да им помогне на производителите полесно но сигурно да ги продадат своите производи.

Сепак интернет продажбата со себе носи и одредени предизвици особено за оние кои за првпат се сретнуваат со тоа. Експертот за маркетинг продажба Драган Врагиќ дава неколку совети околу тоа кои се можните проблеми со кои би се соочиле земјоделците кои за првпат ги користат социјалните мрежи и која интернет пракса е најдобро да ја користат.

Многу земјоделци во последниов период, почнаа да ги рекламираат своите прозводи на социјалните мрежи- каде најмногу грешет?

 Социјалните мрежи имаат сериозна смиасла  во бизнисот кога се користат подолго време. Може да се користат како огласник, на пример сега во моментот се  нудат одредени производи, но така ефектите се многу помали во однос на тоа кога континуирано се занимаваме со социјалните медиуми.

 Земјоделците воглавно имаат ограничени количини на производи во ограничено време, тие немаат константно достапни производи во текот на целата година. Тоа значи дека земјоделецот односно производителот треба да биде присутен на социјалните мрежи и пред да се појават производите, а и после тоа, треба да комуницира со потенцијалните купувачи и да се стекне со довреба која ќе ја искористи кога неговите земјоделски производи ќе бидат достапни.

Еден од најголемите проблеми во земјоделството е дилемата на купувачите дали ќе добијат здрави и свежи производи. Потребно е време купувачите да се убедат дека ќе ги добијат најдобрите производи.

„ Пронајдете го своето онлајн место“

Многу луѓе, а особено оние постарите искажуваат нетрпеливост спрема интернет медиумите и зошто онлајн рекламата е во предност прад пазарната?

Основната предност на интернетот е тоа што таму можете да се однедувате како во реалниот свет, а воедно можете да изберете начин на комуникација што најмногу ви одговара:

  • Доколку сакате само да ги понудите производите за понатамошна продажба или пак тие да стигнат до крајните купувчи на располагање имате сајтови, сервиси или платформи кои служат за тоа ,а вие само треба да се распрашате кои од нив се најдобри и  да ги пронајдете;
  •  Доколку користите огласници во класичното работење  овде ги имате и онлајн;
  • Доколку сакате со прказна да ги продадете производите тогаш социјалните мрежи се идеални за тоа;
  • Доколку вообичаено огласувате во земјоделски списанија постојат и онлајн земјоделски медиуми за огласуање;
  • Доколку сега за прв пат почнувате да го користите интернетот  за да ги пласирате своите производи,  се препорачува да го пронајдете своето онлајн место на кое дирекно ќе ги пласирате своите производи, а подоцна ќе дојде и се останато.

Совети за производителите кои сакаат самостојно да ги рекламираат своите производи на социјалните мрежи

Прв и основен совет е дека е потребна континуирана комуникација со потенцијалните купувачи без разлика дали за тоа ќе се плаќа или не. Ако не сте спремни за тоа не морате многу да ги користите социјалните мрежи во почетокот.

Во што е предноста на Фејсбук во однос на Инстаграм или обратно, кога е во прашање продажбата на земјоделските производи?

На Фејсбук може многу повеќе да се каже и да се напише отколку на Инстаграм, а и начиниот на продажба е поефикасен. Меѓутоа, сето тоа треба да се научи и да се проба. Кај Инстаграмот сликата зборува повеќе од 1000 зборови и докажано е дека храната повеќе се продава преку оваа мрежа . Тука се става фокус да се прикаже квалитетот на храната.

Кога и зошто е добро да се плати реклама на Фејсбук?

  • Ако имате многу производи кои сакате брзо да ги продадете добро е тоа да го направите преку рекламирање на Фејсбук или Гугл. Тоа е посебно важно ако имате добар однос помеѓу цената и квалитетот на она што сакате да  го продадете. Ако цената е повисока , купувачите ќе се двоумат.
  • Треба да имате некој кој ќе се занимава со комуникацијата преку интернет .

Одредени потрошувачи се жалат на ажурноста и одговорите од стана на производителите околу дирекните пораки на Фејсбук, а од друга страна пак самите производителеи се зафатени со земјоделски работо, па како да се усогладат овие две работи?

Во добро организираните земјоделски семејстава, различни членови на семјството се ангажирани околу  различни работи што треба да ги извршуваат. Кога интернетот и социјалните мрежи ќе станат важен фактор за нив тогаш треба да се има некој кој ќе се занимава со комуникацијата со потенцијалните купувачи. Речиси секогаш тој член од семејството треба да води грижа нарачаната роба да биде навреме доставена на купувачот.

Како на социјалните мрежи да се биде подобар од конкуренцијата?

Како треба човек  да се однесув на пазарот за ги оствари своите деловни цели и да биде подобар од другите е навистина комплексно прашање и одговорот не е едноставен. Накратко во работата успеваат оние што на своите корисници ќе им го дадат она што што им е потребно, а воедно истите тие корисници да бидат после тоа задоволни. Истото тоа важи и за социјалните мрежи каде што фокусот паѓа на квалитетната комуникација.

Овој експерт за маркетинг продажба за платформата „Електронски пазар на Србија“ смета дека таа и сите други вакви платформи кои постојат со години, претставуваат најдобар начин земјделците да ги пласираат своите производи, особено ако претходно немале искуство со интернетот.

Извор: Агроклуб

 

Може да ви се допадне

Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Трипуновски: Околу 13.000 тони македонско јаболко извезено во првите два месеци оваа година
Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Таг:Земјоделците и социјалните прежиПродажба преку социјални мрежиСовети за интернет продажбаСоцијални мрежи
Претходен напис Се продолжи рокот за плаќање на ланската закупнина за користење на државно земјоделско земјиште
Следен напис Огромен успех на еПазар во Србија, ова може да биде и ваша шанса
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?