Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Како да се подмлади старата круша со помош на режење?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (Видео) Како да се подмлади старата круша со помош на режење?
Совети

(Видео) Како да се подмлади старата круша со помош на режење?

Објавено 18/02/2022
Сподели
6 мин. за читање
Hands with gloves of gardener doing maintenance work, pruning trees in autumn
Сподели
Ad imageAd image

Крушата спаѓа во групата на јаболчести овошја. Како и кај  повеќето други дрвенести сорти, зимското режење се врши во текот на целата зима (од прилика  за нашите временски услови од ноември до март). Препорачливо е и летно режење поради природните карактеристики  на крушковите садници.

Крушата  добро го поднесуваа режењето , што овозможува различни облици и е многу практично за сортите кои се карактеризираат со низок раст. Како и кај останатите овошни сорти така и кај крушата, редовното режење придонесува за редовно создавање на плодови.

 Повеќето овошни сорти се соочуваат со проблемот на неродност или со појавата на  алтернативно кородирање. За тоа придонесуваат повеќе фактори, а најчесто причината е изоставување на режењето или погрешно режење. Често од страна на режачите или на агрономите можеме да слушнеме дека на одредено стебло му е потребно „подмладување“. Некои сорти на овошје може да се „подмладат“ со специфични потези при режењето и така на стеблото да му се овозможи редовно цветање и соодветна родност со задоволителен квалитет на плодовите.

Стеблото на крушата кое долго не е одржувано има намалено производство на плодови. Главно расте произволно без никаква складност, а силните гранки ги надрастуваат сите останати. Ваквото стебло на крушата потребно е да се подмлади со одредени зафати во зимското режење.

Зафати за подмладување на старото стебло на крушата

 Пред сѐ, на просторно обликуваната крошна на крушата треба да ѝ се скратат скелетните гранки до половина од нивната целокупна должина. Резот мора да биде остар и под агол од 45 степени. Тоа овозможува полесно ,,пробивање“ на ластарите кои ќе ги користиме во функција на новото родно дрво. Препорачливо е резот да се направи со еден потег, за што ножиците со кои се реже мора да бидат остри. Се препорачуваат ножици кои од спротивната страна на сечилото имаат метален додаток кој го пречекува сечилото. На овој начин се спречува непожелна повреда на ткивото на делот од крошната кој при формирањето на резот останува на стеблото. Кај ваквите несакани појави доаѓа до заболување и изумирање на тие ткива, што оневозможува формирање на нови

Понатаму, треба треба да се отстранат сите гранки кои лошо се поставени, кои се вкрстуваат или оние кои се суви, видливо заболени или уништени. Притоа треба да се настојува да се задржи примарниот облик кој е карактеристичен за крушата (танко, вретенесто…).

 Во следната сезона на зимско режење со мали остри ножици треба да се селектираат новите гранчиња и со тоа да се формира нова крошна, а новите ластари постепено да се претвораат во родни гранки, а стеблото да добива урамнотежен облик. При вретенастиот облик гранките треба да се режат во склад  со нивото на кое се поставени на стеблото. Тоа значи дека најниските гранки се режат многу малку, оние во средината малку повеќе, а оние на врвот најмногу. Тоа се прави бидејќи е потребно да се обликува пирамидална крошна која овозможува поголема изложеност на сонце на крошната, поголем интензитет на фотосинтеза, а со тоа подобра исхрана и заштита.

Со ваквиот зафат на подмладување на стеблото на крушата добиваме многу родни гранки чие формирање сме го потпомогнале со режењето. Во ваквите крошни потребно е да се исечат издолжените кратки родни гранчиња после младите гранки , блиску до средината. Потоа тие млади гранчиња треба да се исечат над наредната пупка. Тоа е потребно да се направи на целото стебло.

Подмладувањето со режење не е доволо

Честопати агрономите се критикувани од страна на овоштарите, бидејќи иако агрономите ќе се потрудат да одработат сѐ како што треба, сепак не се добива посакуваниот ефект. Поради тоа потребно е да се нагласи дека за  појавата на неродност на стеблата или појавата на алтернативна корозија придонесуваат и други фактори.

 Позната ни е комплексноста на агрохемијата или исхраната на растенијата. Со педогенозата на почвата се случуваат разни хемиски процеси во почвата и одредени елементи различно се однесуваат во различни типови на почва, под различни pH вредности, реакции и сл. Секако на секои 3-4 години потребно е да се направи анализа на земјиштето во овоштарникот за да се види ,,крвната слика“ на почвата, со што ќе се знае дали е потребно да се додаваат различни ѓубрива и сл.

Исто така, неправилната заштита на растенијата и нередовната контрола на штетниците и патогените можат да предизвикаат неродност на крушата.

Ако одгледуваме некои сорти на круши во климатски услови кои не се погодни може да дојде до појава на неродност или до појава на алтернативна корозија.

Покрај сето ова досега кажаното секогаш треба да се има сознанија за староста на стеблото кое се реже за да може да му се даде правилен совет на сопственикот на овоштарникот. За сопственици кои имаат по неколку стебла во својата градина , овие совети се доволни за да можат успешно да извршат подмладување на своите стебла со круши.

Уште неколку совети на тема резидба на круша

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:кроењекрушародностсоветсорти
Претходен напис Штипјани и денеска да не ја користат водата за пиење и готвење
Следен напис Расте производството на ѓубрива на база на микроби и морски алги, какви се досегашните искуства?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?