Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да го подготвите домаќинството за селски туризам?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Како да го подготвите домаќинството за селски туризам?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален РазвојСовети

Како да го подготвите домаќинството за селски туризам?

Објавено 18/07/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пандемијата нè научи да се вратиме барем малку кон природата, здравата храна и здравиот начин на живот. Сега е вистинско време  да се започне со рурален туризам. Тој влијае на развојот и зачувувањето на руралните подрача и воопшто на селата со сите свои вредности.

Кон крајот на пролетта, накратко почувствувавме олеснување и мислевме дека ситуацијата со корона вирусот се смирува. Почнавме да ги планираме летните одмори на море, но ненадејниот пресврт  ги промени плановите на многу луѓе, а сепак сите би сакале некаде да одиме на одмор и на  патување.

Еве можност за развој на руралениот туризам. Ако некој се двоумел или некогаш планирал да инвестира во ваков вид туризам, сега може да го направи тоа без двоумење. Секојдневно добиваме различни информации, веќе не знаеме што е лага, а што вистина, но едно сигурно знаеме – за време на пандемијата, луѓето посветуваат поголемо внимание на здравата исхрана, поминуваат повеќе време во природа и ги посетуваат излетничките места. Ова е исклучителна можност ако имате услови да започнете или  да го прилагодите вашиот имот за рурален туризам.

 Како да започнете?

Во почетокот, можете да почнете со помала површина, со или без неколку кревети за ноќевање, со понуда на домашна храна. Многумина се заинтересирани да живеат и работат во село. Некои гости не само што сакаат да ја видат природата и имотот,  сакаат да се вклучат во работата околу одредени активности, на пример, многумина сакаат да се обидат да возат трактор, да косат рачно, да собираат сено, да молзат крава, да плетат, да ткаат и слчно. Сето ова може маркетиншки да се обликува и од тоа да се има заедничка корист и задоволство. Се повеќе и повеќе луѓе сакаат сами да произведуваат храна, но не знаат како да започнат со тоа. Можете да одржувате курсеви за производство на здрава храна, како и  курсеви  по домаќинство (везење, плетење, ткаење) како дел од аранжманите за патување. Постојат многу позитивни примери на рурален туризам и кај нас и во околината, само треба да бидете малку креативни и снаодливи. Постојат голем број многу успешни луѓе и домаќинства во руралниот туризам.

Можете дури и да направите еден посебен дел во кој ќе бидат изложени стари садови , постелнина, рачни изработки, народна носија, алати со цел, се да биде автентично и привлечно.

Покрај сместувањето, храната и околината, треба да креирате и можности за екскурзии и рекреација, така што гостинот ќе се чувствува добро и ќе ужива.


Еве неколку совети за оние фарми кои веќе имаат воспоставено земјоделско производство и сакаат да се посветат на руралниот туризам со изнајмување на соби и прием на гости.

  • Како прво, економскиот двор мора да биде одвоен од куќата и од дворот што ќе го користат гостите, затоа што во спротивно, доколку домаќинот поседува фарма, непријатниот мирис би се ширел во просториите каде што ќе бидат сместени гостите. Исто така, постојат препарати кои делумно го неутрализираат мирисот на ѓубриво. Економскиот двор можете да го одделите со sидови направени од старински материјали (печени тули) и низ него да засадите лазачи, така што сè  ќе е подредено на уживање. За каква било конструкција на ограда или слично, користете природни материјали како што се  на пример дрвените огради.
  • Декоративните растенија и грмушките треба да бидат засадени во согласност со просторот. Секогаш е подобро да се засадат економски исплатливи растенија  како што се на пример лешниците, затоа што неговата крошна прави убава сенка, плодовите ги јадеме, а во исто време лешникот е многу декоративно растение. Исто така јоргованот и јасминот, покрај тоа што се декоративни, тие шират многу убава миризба.
  • Тревната површина е основа на сите уредени дворови, така што треба да се посвети посебно внимание на неа.  Исто така треба да се води грижа и за отпадот. Пожелно е да се оддели органскиот од неорганскиот отпад, така што домаќинот ќе има развиена еколошка свет што ќе ја пренесе и на гостите. Во одреден агол од неговиот имот, би било добро да го собира органскиот отпад и на тој начин да прави компост – органско ѓубриво.
  • Со воведување на руралниот туризам, земјоделските фарми ќе си обезбедат дополнителен извор на приход. На овој начин, може да се  влијае врз развојот и зачувувањето на руралните подрачја и селата воопшто со сите свои вредности. Па зарем не е тоа нашата цел – зачувување на локалниот идентитет, традицијта и обичаите.


Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:домаќинстворурален развојселоселски туризамтуристи
Претходен напис На повеќе места следуваат поројни врнежи и грмежи, и услови за локално невреме
Следен напис Следува стабилизација на временската состојба кај нас
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?