Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јужна Кореја забрани увоз на свинско месо од Германија поради шап и лигавка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јужна Кореја забрани увоз на свинско месо од Германија поради шап и лигавка
Агровести

Јужна Кореја забрани увоз на свинско месо од Германија поради шап и лигавка

Објавено 14/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство на Јужна Кореја забрани увоз на свинско месо од Германија поради неодамнешната епидемија на шап и лигавка кај стадото биволи во сојузната германска држава Бранденбург.

Министерството соопшти дека забраната стапува на сила веднаш.

Покрај тоа, ќе се вршат тестирања за вирусот FMD на сите германски производи од свинско месо што се испорачуваат во Јужна Кореја од 27 декември. Околу 360 тони германско свинско месо моментално се подложени на карантински тестирања, пренесува SEEbiz.

Епидемијата, потврдена во градот Хенов, близу Берлин, доведе до превентивно колење на свињи и други животни со копита.

Шап и лигавка е исклучително заразна вирусна болест кај копитари, како говеда, овци, кози и свињи. Иако болеста не е опасна за луѓето, таа може да има катастрофални последици за сточниот фонд и да претставува значителна економска закана за земјоделците.

Оваа епидемија е првиот познат случај на шап и лигавка во Германија од 1988 година и првиот случај во сојузната држава Бранденбург. Германија и Европската Унија во последните години се сметаа за ослободени од оваа болест.

Friedrich-Loeffler-Institut (FLI), германскиот федерален центар за болести кај животните, ја идентификуваше специфичната варијанта на патогенот, што овозможи за неколку дена да се произведе ефикасна вакцина.

Јужна Кореја е важен пазар за продажба на германско свинско месо во Азија. Во 2019 година, земјата увезе околу 106.000 тони свинско месо од Германија, пред увозот да биде прекинат следната година поради епидемијата на африканска чума кај свињите. Од тогаш, продажбата на свинско месо во Јужна Кореја се опоравува бавно.

Според податоците на Федералната канцеларија за земјоделство и храна, Германија минатата година извезе вкупно околу 2,3 милиони тони свинско месо, од кои најголемиот дел се извезува во европски земји. Италија е најголемиот купувач на германско свинско месо, пред Полска и Холандија.

Извор: Трн

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГерманијаЈужна Корејасвинско месоувозшап и лигавка
Претходен напис УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица
Следен напис John Deere претстави автономни трактори со поглед на полето од 360 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?