Тие претставија неколку нови автономни машини за земјоделство, градежништво и уредување на околината. John Deere претстави неколку нови автономни машини на саемот за потрошувачка електроника Consumer Electronics Show (CES) во Лас Вегас, САД.
Како што велат, нивна цел е да им помогнат на корисниците во земјоделството, градежништвото и комерцијалното уредување на околината. Објаснуваат дека тие претставуваат комбинација од напредна компјутерска визуелизација, вештачка интелигенција и камери кои им помагаат на машините во навигацијата. Трактори со нулта емисија издувни гасови Тракторот 9RX е наменет за големи земјоделци. Со втората генерација автономен комплет со 16 одделни камери за да се овозможи поглед од 360 степени на полето, земјоделците можат да се оддалечат од машината и да го насочат своето време на други важни работи. Напредниот комплет за автономија исто така ја пресметува длабочината попрецизно на поголеми растојанија, овозможувајќи му на тракторот да влече повеќе опрема и да вози побрзо.

Тука е и тракторот за овоштарници 5ML за прскање со воздушен млаз кој е опремен со најнов комплет за автономија со додадени Lidar сензори за решавање на проблемот со густите крошни во овоштарниците. За оние на кои им е потребно одржливо решение за своите земјоделски работи, тие го претставуваат прототипот E-Power, трактор подготвен за автономија со нулта емисија на издувни гасови. Тој е наменет за клиенти во специјализирани сектори кои се занимаваат со земјоделски посеви, производство на млеко и сточарство. Тракторот ќе обезбедува континуирани 130 коњски сили и моментален голем вртежен момент за исполнување на тешките задачи. Управување по пат на апликација Автономната батериска електрична косилка за уредување на околината ја користи истата технологија на камерата како и другите автономни машини на Deere, но во помал обем бидејќи машината има помал отпечаток. Со две камери на предната, левата, десната и задната страна, се постигнува покриеност од 360 степени и корисникот може да се насочи на други работи.

Тие истакнуваат дека 460 P-Tier (ADT) автономен зглобен кипер е идеален за работа во каменолом. Со помош на комплетот од втората генерација, овој кипер ќе извршува повторни задачи за транспорт на материјали околу каменоломот за да се олесни различните чекори во тој процес. Со автономните машини се управува преку мобилната платформа на John Deere Operations Center. Преку апликацијата, со повлекување од лево кон десно за придвижување, машината може да се стартува кога е поставена на соодветното место. Корисниците исто така имаат пристап до видеа во живо, слики, податоци и статистички показатели, како и можност да прилагодат различни фактори како што е брзината. “Во случај на било какви неправилности во квалитетот на работа или потешкотии со машината, корисниците ќе бидат известени на далечина, како би можеле да ги направат потребните прилагодувања”, порачуваат од таму.
Извор – Агроклуб