Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Јусуфи: АПРЗ придонесе кон зголемување на искористувањето на финансиските средства од ИПАРД


Неодамна во дирекцијата Битола се одржа работна средба помеѓу Директорот на АПРЗ Елгафар Јусуфи, националниот координатор за рурален развој и претставниците од конзорциумот (составен од ППМ, Софија, Бугарија и Давос Инвест ЛТД од Скопје) кој што прави Ex-post евалуација на ИПАРД 1 програмата. Претставниците од конзорзциумот Сајмон Гил, Дарко Бабамов и Филип Сековски се ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Македонија во партнерство со МЗШВ.

Целта на средбата беше проценка на нивото на задоволство од програмата, улогата и ефикасноста на советодавната служба како релевантна државна институциија при спроведувањето на ИПАРД 1 програмата во период 2009-2013.

Директорот Елгафар Јусуфи истакна дека АПРЗ како институција која ја спроведува јавната советодавна услуга во земјоделството активно беше вклучена во поддршката на ИПАРД, во делот на активностите кои се однесуваат за масовно и индивидуално информирање на потенцијалните апликанти како и во реализација на дирекна поддршка на барателите во подготовка на пакетот барања.

Во текот на 10-те јавни повици од страна на советниците при АПРЗ беа подготвени 811 барања со што значително се придонесе кон зголемување на искористувањето на финансиските средства од ИПАРД.

Ное 18, 2019agrotim1
Белграѓанка дома произведува зеленчук и од тоа живее: За почеток се потребни 1000 евра кои се враќаат за 2 месециЗапочна поднесувањето на барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година

Напишете коментар Откажи одговор

18/11/2019 Фондовиапрз, елгафер, инситуција, Ипард, средба248

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019