Шумски патишта се патишта во кои се вклучени и другите патни инфраструктури кои се долж нивните правци кои се првенствено наменети за одгледување и користење на шумите. Планирани и изградени патишта во шума кои се наменети за превоз на шумски производи, се сметаат за шумски патишта и ги користат субјектите кои стопанисуваат со шумите.

Остварувањето на планските задачи за изградба, реконструкција и прочистување на патишта во 2021 год. може да се смета за задоволително. Во 2021 година на ниво на јавно претпријатие, изградени се вкупно 162,53 км меки патишта, што претставува 64,94% од годишниот план, додека со извршеното прочистување на постоечката патна мрежа од 1.392,75 км, годишниот план е остварен со 95,74%.


За реализација на остварените плански задачи за изградба на патишта, реконструкција и прочистување на постоечката патна мрежа во 2021 год. потрошени се вкупно 70.770.151,00 ден. исклучиво со сопствена механизација и од сопствени приходи.


ЈП Национални шуми
