Јована Ачимовиќ (33) од Алибунар Србија, инаку дипломиран економист, се сеќава на еден впечатлив настан од времето кога размислувала да ја промени својата професија. Една слаткарка со тринаесет години искуство и рекла дека веднаш ќе ја вработи ако успее да направи совршени пралини од чоколадо.
– „Кога тоа ќе се случи, ќе почнам сама да работам“, одговорила Јована.
Набргу после тоа, се покажало дека Јована била навистина во право. Во предизвикот да направи совршени пралини од чоколадо ,вложила цели четири месеци труд и работа, а кога мисијата била остварена, започнала нејзината потрага по квалитетно чоколадо.

Најпрво ги подарувала своите производи, а после две години отворила фирма и почнала да ги продава. Јована денес е сопственик на брендот „Вкус на љубовта“. Тоа се всушност рачно правени чоколадни полнети пралини спакувани во уникатни кутии. Работилницата се наоѓа во центарот на Алибунар, град во Банат во која пораснала и за кој како што вели е доста поврзана. Со економија, Јована вели дека се занимавала повеќе деловно отколку емотивно и денес тоа знаење доста и користи. Напредокот кој го остварила со чоколадата бил извонреден па така оваа деловна промена полесно ја спровела во дело.

-„Мојата база секогаш беше во Алибунар, а за роднто место сум врзана исто колку и за Белград во кој живеев. Идејата да почнам да работам со чоколадо дојде сосема случајно, како и кај повеќето големи идеи. Сонот почнува со вистинскиот момент“, раскажува Јована .
Нејзината идеја настанала кога една година решила да престане да купува новогодишни подароци за пријателите.
– „Почнав со суво овошје и чоколада и за моите драги луѓе правев „чоколадни бакнежи“. Еден од првите подароци беше за моите домашни и кумови. Идејата полека се разви, а јас почнав да размислувам за тоа да се обидам да правам и други работи
Нејзините производи ги купуваат луѓе кои умеат да го препознаат трудот и рачната изработка и посветеност во изработката на производот. Според нејзините зборови, станува збор за 7 до 10 % од вкупниот пазар во Србија.
– „ Мојот првенец – пралините, беа и останаа прво стабилно скалило во мојата работа, а се останато се надоврза на нив. Тие се суштината околу која гардам се. Благодарение на нив настанаа чоколадните кутии бидејќи поентата беше да се спакуваат пралините во нешто поразлично. Љубовта кон нив предзивика создавање на нешто поинакво“, вели Јована.

Чоколадата ја увезува од Италија и таа е единствен репроматеријал во „Вкусот на љубовта“ кој стигнува од странство. Се останато е домашно: од составот на полнење до рачната изработка и фантазијата на Јована. Не користи конзерванси па пралините имаат пократок рок на траење отколку другите производи. Поради тоа ги прави непосредно пред испораката.
– „Кога станува збор за кутии, едно од првите прашања е : „Колку долго можат да траат? Има луѓе кои навистина долго ги чуваат бомбоњерите и жал им е да ги изедат, додека пралините веднаш ги дегустираат. Така настана шегата дека конечно направив производ кој нема да може да шета од слава на слава, туку оној кој го добил веднаш ќе го проба“, вели Јована со насмевка.
Се што научила во овој занает стекнала со упорни обиди и самостојно учење. Признава дека има работи кои успеала да ги направи дури и од 18 ти пат но и дека „рецептот“ е едноставен.
Полнетите пралини ги прави тогаш кога е најодморена, независно во кое време од денот бидејќи тие бараат огромно внимание за да бидат речиси совршени.

„Почетокот на работата е најкреативен, а крајот донесува восхит. Има ситуации кога почетната идеја ни најмалку не личи на крајната па на крај она што го добивам е изненадување и за мене и за клиентот. Еднаш една девојка побара специфичен подарок за сакана личност, ми даде креативна слобода сама да изберам. На крај добив лаптоп од чоколада.Една девојка пак, сакаше за првата годишнина од бракот на својот маж да му подари одредени стихови и зборови кои ги напишав со чоколада но со желба никаде да не ги објавам. Таквите производи ги правам со најмногу вниамние бидејќи знам дека се направени за четири очи и за еден специајлен момент, а јас добив можност нивната љубов со мои раце да ја вградам во производот. Суштината е дека љубовта се чувствува во храната а емоциите ги чувствува тој што ја јаде“, со многу емоции раскажува Јована.
Таа не бара луѓето да обрнат внимание на неа и на нејзината работа туку само човечки очекува на нејзините емоции да возвратат со емоција и ништо повеќе од тоа. А таа взаемна привлечност веднаш се препознава.
-„Немам намера да се претворам во голема фабрика со 200 вработени да се возам во скап автомобил и во канцеларијата да потпишувам хартии. Излегов од економијата и влегов во чоколадниот свет, за да му се посветам вистински, а не го затворам кругот и пак да се вратам во економијата“. додава таа

Нејзината порака за младите бизнисмени е: „Дефинирај го својот сон од почеток до крај, запиши го ако можеш, но и одреди го. Бидејќи, тогаш детето во тебе нема да ти дозволи лесно да се откажеш од него“.

Извор: pricesadusom.com