Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавна консултација за Нацрт глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јавна консултација за Нацрт глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната
Агровести

Јавна консултација за Нацрт глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната

Објавено 20/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2020 година, резолуцијата со наслов „Зајакнување на напорите за безбедност на храната“ (Strengthening efforts on food safety) беше усвоена од 73-то Светско собрание за здравство (73rd World Health Assembly). Во резолуцијата, земјите членки побараа Светската здравствена организација (СЗО) да ја ажурира Глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната за решавање на тековните и новите предизвици, да вклучи нови технологии и иновативни пристапи за зајакнување на системите за безбедност на храната. Беше истакнато дека системите за безбедност на храната на многу земји членки се соочуваат со предизвици и им требаат значителни подобрувања во нивните клучни компоненти, како што се регулаторната инфраструктура, надзорот, инспекцијата и лабораторискиот капацитет, механизмите за координација, одговор на итни случаи, како и едукација за безбедност на храна.

Земјите членки, исто така, ја препознаа потребата за интеграција на безбедноста на храната во националните и регионалните политики за здравство, земјоделство, трговија, животна средина и развој, како и примена на пристапот „Едно здравје“ (One health approach) заради унапредување на системот за безбедност на храната.

Како одговор на ова барање, Секретаријатот на СЗО подготви нацрт Глобална стратегија на СЗО за безбедност на храна со помош на Техничката советодавна група (ТАГ) за безбедност на храната: Побезбедна храна за подобро здравје.

Драфт стратегијата ќе служи како нацрт и насока за земјите членки за зајакнување на нивните национални системи за безбедност на храната и промовирање на регионална и глобална соработка.

Во согласност со својот универзален, транспарентен и инклузивен дух, СЗО започнува јавна консултација заради осигурување дека содржината на стратегијата го одразува искуството, потребите и аспирациите на меѓународната заедница. Можност да дадат свој придонес ќе добијат владини претставници, граѓански организации, меѓународни организации, истражувачки институции и засегнати страни од целиот свет. Инпутите собрани за време на јавната консултација ќе бидат земени предвид при ревизијата на стратегијата.

Сите коментари ќе се сметаат за јавни и можат да бидат објавени освен ако не се побара поинаку.

Коментарите во врска со нацрт Глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната се доставуваат преку интернет платформа. Јавната консултација завршува на 18 јуни 2021 година, во 23:59 часот.

Повеќе информации може да добиете на следниов линк: https://www.who.int/news-room/articles-detail/public-consultation-on-the-draft-who-global-strategy-for-food-safety

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Таг:сзо
Претходен напис (Видео) Град со големина на лешник, обилни дождови и силен ветер погодија неколку општини во Србија
Следен напис Од сабота прскање против комарци во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?