Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавна дискусија „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Јавна дискусија „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница“
Шумарство и водостопанство

Јавна дискусија „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница“

Објавено 24/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целта на оваа дискусија, посочуваат организаторите, е поттикнување на соработка на овие надлежни институции со граѓанското општество во интерес на намалувањето на загадувањето и детектирање на причинителите.

Здружението на граѓани Медиа Плус – Штип денеска ќе организира јавна дискусија насловена „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница”, во рамки на проектот „Утопија? Бистри води, зелен Исток”, кој се спроведува во периодот од мај 2021 до февруари 2022 година.

Целта на оваа дискусија, посочуваат организаторите, е поттикнување на соработка на овие надлежни институции со граѓанското општество во интерес на намалувањето на загадувањето и детектирање на причинителите.

Како што информираат од Здружението, на настанот ќе биде промовиран Извештајот од мерењето на квалитетот на водата и составот на седиментот во реката Брегалница, како и резултатите од активностите од проектот.

– Независните мерењата се нарачани и направени за потребите на проектот, а ги спроведе професорот Ѓорѓи Димов и Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, преку овластената лабораторија АМБИКОН -УГД, во периодот од мај до ноември 2021 година. Примероците за анализите се земени од едно мерно место во три периоди од годината на пролет, лето и на есен. Пролетниот мониторинг е извршен во време на поголем водостој, а летниот и есенскиот во време на ниска кота на нивото на реката. Теренските примероци во сите три мерења се земени во близина на населбата Балканска, на почетокот на терасните седименти во кои се изведени бунарите за водоснабдување на градот Штип, информираат од Здружението на граѓани Медиа Плус – Штип.

На настанот се очекува да се обратат: проф. д-р Ѓорги Димов, автор на Извештај од анализата на води и речни седименти од река Брегалница, д-р Петра Поп Ристова, микробиолог, проф. д-р Дејан Мираковски, експерт по загадување на воздухот, раководител на „Амбиком” и м-р Васко Златковски, експерт за земјоделство и рурален развој.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:брегалница
Претходен напис Пчеларите од Македонска Каменица го прославија заштитникот „Св.Харалампиј“
Следен напис Цената на нафтата се искачи на 100 долари за барел првпат по повеќе од седум години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?