Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник” на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руалниот развој го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК бр.08/2022
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година
I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
II. КОРИСНИЦИ
Право на користење на средства имаат следните субјекти:
III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.5 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на специјални комбајни жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз и водни топови и распрскувачи, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Р.Македонија” бр. 64/22, 81/22 и 88/22) Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија” бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19, 110/21 » 123/22 )
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22 è 113/22 ) и Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19, 214/19, 276/21, 91/22 è 122/22).
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.5.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:
–Минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.
Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. . 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22 и 113/22)
Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за кофинансирање со Агенцијата
Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.
Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје
VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0822-12116-XXXX/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 06.07.2022 година.
Напишете коментар