ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ НАД З ХЕКТАРИ
I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско
земјиште во државна сопственост за следниве региони и катастарски општини:
- Гевгелија-сите катастарски општини;
- Валандово -сите катастарски општини;
- Струмица-сите катастарски општини;
- Радовиш -сите катастарски општини;
- Штип -сите катастарски општини;
- Неготино -сите катастарски општини.
Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна
сопственост, кое не е во сосопственост со други физички и правни лица, над кое нема
подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не
се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на
земјиштето во закуп.
II. ПОВРШИНА
Еден понудувач самостојно со геодетски елаборат може да достави понуда за земјоделско
земјиште во државна сопственост за една, повеќе или дел од катастарска парцела и да ги
добие по јавниот повик.
III.НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ
Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна
сопственост е за:
-одгледување на земјоделски култури за периодот до 30 години;
IV.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни
лица.
Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано
физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на
учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.
Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се
трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни
земјоделски производи им е приоритетна дејност.
Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат
регистрирано подружници во Република Северна Македонија.
На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското
производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна
дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно- истражувачки
дејности.
Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ
на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна
сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок
на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално
осигурување.
Право на учество на јавниот повик немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка,
како и непрофитните организации.
Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во
дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија.
Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев
агол треба да стои ознаката „не отворај” “Понуда по Јавен повик бр.02/26 над 3 ха за давање
на земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот) и во средина
“Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Ленинова бр.2 Скопје“ .
Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува
понудувачот, односно испраќачот.
За подготовка на апликации за Јавниот повик, јавете се на 070/ 267 789
Повеќе информации на следниот линк
