Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските
Агровести

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Објавено 20/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината, уверува заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. 

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Јанкуловски, во гостување во ТВ 21 потенцирал дека исплатата се врши непречено и оти редовно се исплаќаат плати, социјални  надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и други тековни трошоци. Нашата цел, вели тој, е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво.

– Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, работи и ќе продолжи да работи најнормално, како и сите институции, до 31 декември 2025 година. Со начинот на кој сега функционира Трезорот и со навремените исплати, јасно покажавме дека нема никаков застој. Редовно се исплаќаат социјалните надоместоци, К-15, обврските преземени во соработка со надлежните агенции, блок-дотациите кон општините, како и платите и другите тековни трошоци. Секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември , рече заменик-министерот.

Тој појасни дека информацијата што Министерството за финансии ја достави до буџетските корисници и институциите во државата за доставување на налозите до 15 декември беше исклучиво од организациски аспект.

– Целта беше до 15 декември да ги достават налозите за плаќање, за Трезорот навремено, до крајот на годината, да може да ги испланира сите расходни ставки и да ги обезбеди потребните информации поврзани со останатите фискални параметри. Сè друго, приказните за затворање на Трезорот, дека нема да има пари или дека ќе настане финансиски застој беа пласирани од страна на опозицијата“, наведе Јанкуловски, кој дополни дека најголемиот дел од институциите целосно го почитуваа рокот и навремено ги доставуваат налозите.

Заменик-министерот потенцира дека секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември и оти за тоа до крајот на годината ќе бидат обезбедени потребните средства.

– Даночниот календар е добро познат и очекуваме дополнителни приливи до крајот на месецот  по основ на данок на добивка, данок на додадена вредност кој доспева на 25 декември, како и социјалните придонеси што се уплатуваат на крајот на месецот. Имајќи предвид дека значителен дел од компаниите во овој период исплаќаат бонуси и регреси за вработените, нашите очекувања се дека планираните приходи во најголем дел ќе бидат реализирани, рече заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:исплатитеЈанкуловскиобврскитеТрезоротфункционира
Претходен напис Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
Следен напис Маглата го отежнува сообраќајот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?