Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јаневски: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јаневски: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто
Агровести

Јаневски: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто

Објавено 24/08/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројките за првите шест месеци од годинава се оптимистички и значат опоравување на туристичката индустрија во државава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, во однос на претходната, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто, изјави  денеска  директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Во првите шест месеци од годинава, се бележи зголемување на бројот на ноќевања за 18,8 отсто во однос на истиот период лани, при што кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските зголемување за 32,9 отсто.

Развојот, како што истакна на денешниот настан на кој ги презентираше програмските активности, согласно Стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година,  ќе биде насочен, како кон зголемување за бројот на туристи и развојот на нови продукти, така и кон нови туристички капацитети.

-Предизвиците на туризмот значат мотивација за постигнување позитивни резултати кои не можат да се постигнат без заедничка работа на сите работници во туристичката индустрија. Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ  – БДП каде што во 2011 година изнесувал 0,4 отсто, во 2018 година е 2,4 отсто, додека во 2022 година изнесува 3,6 отсто, достигнувајќи 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали на приливот од туризмот, во последните пет години, и покрај пандемијата која започна во 2020 година, нема забележано пад, што не може да се случи, доколку изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ, рече Јаневски.

За првпат годинава, посочи во првиот квартал туризмот во  македонската економија влеал 93 милиони долари, што е за 19 отсто повеќе од истиот период од минатата година, односно за 41 отсто повеќе од 2019 година.

-Тоа со право не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите и да продолжиме кон целта, за да можеме да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања, вели Јаневски.

Тој напомена дека главниот фокус е претставен, и  на туристичките сегменти, како што се: културен туризам, еко – туризам, рурален туризам, како и ено – гастро туризмот, нудејќи ја македонската кујна позната по нејзината разновидност и автентичност. Според него, визијата на АППТ е насочена кон реорганизација на институцијата, со поголеми ингеренции, со професионален тим, партнер и сервис на стопанството со влијание во туристичката дејност, кој е главен промотор на туристичката понуда на РСМ и двигател на клучните процеси во туризмот.

-Реархитектуриањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4 отсто од БДП, како и повеќе од 45.000 вработени во туристичко-угостителската дејност.

Последните две години, како што оцени, го рангираа македонскиот туристички сектор на многу високи места според Светската туристичка организација (СТО). Во 2019 година земјава со раст од повеќе од 25 проценти на бројот на ноќевањата беше втора во Европа, во 2021 година и покрај пандемијата бевме петти во светот според растот на странските туристи, а во 2022 година во првите 10 според девизниот прилив и туристичкиот промет во туристичката индустрија.

-Тековнава 2023 година го покажа своето дијаметрално различно лице во туризмот, односни имаме пазари во кои бевме во минус и се уште сме во минус поради субјективни и објективни причини и пазари кои дадоа дополнителен скок и веќе се надминати резултатите од 2019 година. Сега по многу нешта 2019 година веќе не е референтна во туристичката индустрија, бидејќи туристичките текови и случувањата во туризмот веќе ги надминуваат очекувањата на најоптимистичките стручњаци и експерти на ова поле, порача Јаневски.

АППТ  според стратешкото планирање за 2023 година, додаде, очекува да има девизен прилив од туризмот во износ од 530 милиони долари. За годинава најмногу ноќевања, околу 200 илјади се планира да се остварат од туристите од Турција.

Најмногу туристи во земјава доаѓаат од Турција, Србија, Грција, Германија и Бугарија. Токму кај туриститите од Бугарија има пад од 60 проценти што се должи на моменталните политички односи и попречувањето на нашите евроинтеграциски процеси. Најголем дел од туристите, пак, учествуваат во таканаречените кружни тури во земјите од регионов.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:агенција за промоцијабројзголеменјаневскитуристи
Претходен напис Рекорден извоз на зелка: 28,4 милиони евра за половина година, раст од 20%
Следен напис Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град го погоди Ресен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?