Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извозот и намаленото производство ја зголеми цената на ајварската пиперка на штипскиот градски пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извозот и намаленото производство ја зголеми цената на ајварската пиперка на штипскиот градски пазар
Агровести

Извозот и намаленото производство ја зголеми цената на ајварската пиперка на штипскиот градски пазар

Објавено 06/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Порасна цената на црвената пиперка за ајвар и корнишоните за 10 до 20 денари. Ајварската пиперка синоќа на градскиот пазар во Штип се продаваше по цена од 30 до 45 денари, а од утринава од 40 до 60 денари.

Драган Ангелов, производител на црвена пиперка за ајвар и корнишони од село Зрновци вели дека причината за зголемувањето на цените е извозот на земјоделските производи, но и намаленото производство.

-Од утринава има нова цена, ново покачување. Синоќа ајварската пиперка  беше 45 денари за килограм, а денеска се продава по цена од 50 до 60 денари за килограм. Има извоз за Косово и Украина. Целата роба оди натаму. Исто така, корнишоните минатата недела беа 50 денари, а  сега се 70. Морковот 50 денари реална цена, рече Ангелов.

Тој посочува дека за зголемување на цените на земјоделските производи на градските пазари придонесуваат и цената на нафтата, ѓубре и другите репроматеријали. Свесни дека граѓаните немаат пари, ама велат ако има повеќе земјоделци ќе има повеќе производство, а со тоа и повиски цени.

-За граѓаните да имаат пониски цени треба да се врнат на село, да работат повеќе, да видат како изгледа земјоделие, вака не оди работат. Целиот терет е на нас продавачите оти ништо не можеме да направеме освен културно да измереме колку е, да не крадеме, вели Ангелов.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ајварската пиперкаИзвозотпроизводствоцената
Претходен напис МФ: Основните прехранбени производи и понатаму ќе се оданочуваат со најниска стапка од пет отсто
Следен напис Развиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?