Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Атанасов за Африканската свинска чума: Мерките успешно спроведени, болеста во Македонија ја нема но опасноста не е помината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > (ВИДЕО)Атанасов за Африканската свинска чума: Мерките успешно спроведени, болеста во Македонија ја нема но опасноста не е помината
Сточарско производство

(ВИДЕО)Атанасов за Африканската свинска чума: Мерките успешно спроведени, болеста во Македонија ја нема но опасноста не е помината

Последна измена: 07/12/2019 14:45
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

,,Агенцијата за храна и ветеринарство, активно и интензивно ја следи  „африканската свинска чума“ и појавата на болеста во регионот. Можам да кажам дека болеста сеуште е актуелна  во земјите околу нас поготово кај дивата популација на свињи. Додека пак во последните месец  дена нема појава на африканска свинска чума на фармите во Бугарија  како и во последните два месеци на фармите во Република Србија, вели во изјава за Агротим, директорот на агенцијата, Зоран Атанасов и додава дека опасноста сеуште не е помината.

-Меѓутоа пак ќе потенцирам дека  кај дивата популација во Србија сеуште се открива дека има заболени диви свињи, при отстрелот и начинот на кој што се врши мониторинг дали има присуство на болеста кај дивата популација на свињи. Јавноста е веќе запозната дека Агенцијата интензивно работи и врши мониторинг, значи покрај  отстрелот на диви свињи што тече и сеуште е актуелен, се земаат мостри и се испитува присуството на вирусот на африкнска свинска чума кај дивите свињи. Значи во Македонија немаме уште болест кај дивите свињи, резултатите се сите негативни, тоа сакам јавноста да го знае. Исто така подигнат е степенот на запознавање на фармерите, сите се известени, сите се запознати со симптомите на болеста.

Владата донесе и една одлука за депопулација на фармите кои не ги задоволуваат минималните услови за  чување на свињи или биосигурносни мерки во одгледувалиштата со свињи. Таа активост траеше до 15 Ноември и сега е стопирана бидејќи традиционално во државата почна т. н. колење на свињи по повод 30 Ноември и  Нова година, а со тоа практично и се намалува ризикот за појава на болеста во таквите фарми.

-Активноста како што беше планирано од владата на Република Северна Македонија  е успешно спроведена, со ваквата мерка се депопулирани околу 1800 свињи додека пак до сега се одстрелани и испитани , односно земени мостри за испитување од околу 800 свињи од дивата популација и повторно ќе потенцирам дека сите имаат негативни резултати,,- Изјави Директорот Зоран Атанасов

Директорот исто така потенцира дека од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се превземаат превентивни мерки и при увозот на суровини и месо од свинско потекло. При контролите во една пратка  било откриено присуство на вирусот на африканска свинска чума и понатаму  случајот е предаден  на европската комисија да испитува како таа пратка поминала низ другите земји.  Опасноста од оваа болест секако сеуште е присутна.

 Во Агенцијата за храна и ветеринарство  активно се подготвуваат активностите за идната година околу засилениот  мониторингот. Се планира и  активна посета на фармите од страна на ветеринарните друштва, редовно земање на крв од свињите поради рано откривање на присуството на вирусот. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се насочува кон развивање на една активна кампања за подигнување на јавната свест со цел да се стави акцент и на начинот на кој што се шири овој вирус и да се едуцираат граѓаните и одгледувачите на свињи за рано препознавање на симптомите на болеста.

 Исто така ќе се обрне посебно внимание на туристите кои доаѓаат и транзитираат низ државата, да не внесуваат храна од животинско потекло бидејќи тоа е најлесен начин за ширење на болеста. Исто така и нашите граѓани кои патуваат во странство да не носат со себе вакви производи. Ќе се поставуваат билборди и ќе се едуцираат граѓаните преку медиумите. Бидејќи како што вели Директодот Зоран Атанасов според проценките на сите стручни лица во светот ќе бидат потребни повеќе години да се превземаат мерки за да се сузбие оваа болест што го зафати свињарството.

Може да ви се допадне

Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
ЕК: Малите земјоделци ќе можат поедноставно да добијат 50.000 евра за унапредување на конкурентноста на нивните фарми
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Таг:африканска свинска чумаболестЗоран Атанасовмеркиотстрел
Претходен напис Подрачните на МЗШВ ја одработија „Зелената нафта“ – ПЕ Крива Паланка со картичките пред врата на земјоделците
Следен напис Сусам и мед: Комбинација која лекува повеќе од 10 болести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?