Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!

Објавено 02/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фамилија Ѓорѓиевски од село Браилево – Општина Долнени има инспиративна земјоделска приказна која почнала пред 10 години кога Далибор и Виолета ја напуштаат државната работа во Скопје и се селат во родното село на Виолета каде што започнуваат да се занимаваат со земјоделско производство.

– Моите родители работеа државно, платите им доцнеа, немаа никаква сигурност и во договор со мене и сестра ми одлучивме да се преселиме во село и да почнеме да се занимаваме со земјоделство, да работиме на свое. Татко ми тогаш се регистрираше како земјоделец, а сега земјоделското стопанство е на мајка ми- раскажува синот Ивица.

Поради недостиг на сопствена земја за обработка, секоја година изнајмуваат 3 до 5 ха земја за производство на тутун. До пред две години тутунот го произведувале сами, а последниве години ја зголемиле површината и ангажираат сезонски работници.

-Многу сме задоволни од производството на тутун, се исплати, има добра цена и субвенции. Произведовме 12 тони тутун квалитетен тутун со влажност од 15% затоа што многу инвестираме во производството. Вложуваме во скелиња, најлони и други репроматеријали што го поскапува производство но целта ми е висок квалитет кој треба и реално да се плати- вели младиот Ивица.

Според кажувањата на Ивица, може да се заклучи дека од земјоделско производство добро се живее и заработува. Го прашавме како да ги убедиме младите повеќе да се занимаваат со земјоделство.

-Јас имам 25 години, сопругата Валерија има 22 години и ние како моите родители се одлучивме да се занимаваме со земјоделство. Јас не можам да ги разберам моите врсници кои побрзо се одлучуваат да одат во странство или да работат во фабриките наместо да си бидат свои газди. Тутунопроизводството не е лесно, се станува в зори, но зарeм во фабриките е полесно. Исто и тие стануваат во 4 сабајле за да стигнат на работа од 7.

Мислам дека треба да се смени тој начин на размислување затоа што реално од земјоделство може добро да се заработи. Ние кога дојдовме во селото живееме прво две години во стара куќа но потоа почнавме да заработуваме од земјоделското производство и да инвестираме во нова куќа, со сите нови и модерни работи и услови за живеење. Со пари од тутунот направивме и две свадби, моја и на сестра ми и се што имаме за убав живот – вели Ивица.

За крај го оставивме редовното прашање за плановите за иднина иако веќе немавме дилема дека фамилијата Ѓоргиевски и помладите и повозрасните одлуката ја имаат донесено уште пред 10 години. Селото и земјоделството се нивниот избор за живот.

-Наш избор е земјоделското прозиводство и живот во село. Овде во Браилово ги имаме сите удобности на модерен живот, од инфраструктура, вода, продавници, а на 18 километри е центарот на Прилеп. Ќе продолжиме да се занимаваме со производство на тутун, ќе ги зголемиме површините, расадот ни е веќе подготвен и се надеваме на нова успешна реколта. Модерната механизација е многу важна за едно рентабилно производство и затоа годинава со сопствени средства си купивме нов трактор Солис 90 од Хемометал. – ни рече Ивица.

– Ние имаме 2 постари трактори и се одлучивме веќе дека сакаме нов трактор. Од наши блиски добивме најмногу препораки за тракторот Солис и за компанијата Хемометал. Сопругот се одлучи да одиме лично во компанијата и да ја видиме нивната понуда и се одлучивме за сега нашиот трактор Солис 90 – ни кажува Валерија.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
АгротимПРО: Центар за поголема финансиска достапност, понуда на земјоделска механизација и идеи за агробизниси
НОВО во Хемометал: ТРОРЕДНА САДАЧКА ЗА ТУТУН!
ЕВРО СТИЛ: СОНЦЕ CELMAK 4 КРУГА на 12 рати без камата!
Таг:ивицамеханизацијарепортажахемометал
Претходен напис Високи водостои на сите реки низ државава
Следен напис Нивото на водата во Охридското Езеро 31 сантиметар под просекот за април
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?