Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: На кучето треба полека да му се говори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражување: На кучето треба полека да му се говори
АгровестиМагазин

Истражување: На кучето треба полека да му се говори

Објавено 07/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сопствениците на кучиња треба полека да разговараат со својот миленик ако сакаат да се зближат со него, покажува ново истражување на Универзитетот на Женева, Швајцарија.

Истражувачите ги анализираа звуците што ги создаваат 30 животни. Потоа го испитувале говорот на 27 лица кои зборуваат пет јазици и 22 луѓе кои разговараат со кучиња. Научниците користеле и електроенцефалографија (ЕЕГ) за да ги испитаат реакциите на мозокот на говорот и кај луѓето и кај кучињата. Заклучоците велат: Разбирањето на кучињата на човечкиот говор зависи од бавното темпо, коешто помага човекот подобро да се поврзе со нив.

Унгарските истражувачи ја мереле и мозочната активност на кучињата со помош на магнетна резонанца и откриле сличности меѓу начинот на кој бебињата и кучињата го обработуваат говорот со претерани интонации, познат како „бебешки разговор”, објави списанието „Плос бајолоџи“ (Plos Biology).

Студијата покажува дека луѓето зборуваат многу побрзо од кучињата – со околу четири слога во секунда. Во исто време, овие животни лаат, ‘ржат или цимолат со брзина од околу две вокализации во секунда.

Кога зборуваат со кучиња, луѓето го успоруваат говорот на околу три слога во секунда, што укажува на одредена вродена свест за потребата да се зборува побавно со животните.

Стручниот напис истакнува: „Иако кучињата не можат да испуштаат артикулирани звуци, тие реагираат на говорот. Користејќи ги акустичните анализи на кучешките вокализации, покажуваме дека нивната основна стапка на создавање е побавна од онаа на луѓето и дека говорот од човекот кон домашното милениче треба да биде со средната стапка меѓу онаа на луѓето и на животните. Истражувањето за нервните и бихејвиоралните реакции на говорот открива дека разбирањето кај кучињата се заснова на побавен ритам на говор отколку кај луѓето.“

И претходни истражувања на научници од Унгарија посочуваат дека кучињата покажуваат поголема чувствителност на говорот насочен кон нив отколку на говор насочен кон други луѓе, особено ако говори жена. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:говориИстражувањекучето
Претходен напис Цените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток
Следен напис Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?