Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток
Агровести

Цените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток

Објавено 07/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари.

Најголемиот неделен скок на цените во повеќе од една година главно се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан.

Израел рече дека ќе му одговори на Иран, додека Вашингтон го поддржа во тоа. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како можен одговор.

Затоа пазарот шпекулираше дека Израел може да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг со цел да ги намали приходите на Техеран од извозот на деривати.

Доколку Израел го нападне, Иран најверојатно ќе возврати со напади врз израелските енергетски и гасни постројки, објавија во петокот иранските медиуми.

Иран е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, што одговара на околу три отсто од глобалното производство.

Се уште се чека одговорот на Израел. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Блискиот Истокескалацијатазголемијанафтатацените
Претходен напис ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
Следен напис Истражување: На кучето треба полека да му се говори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?