Европското земјоделство е меѓу најефикасните и најнапредните во севтот во поглед на својата посветеност за заштита на животната средина, што само ќе се продлабочува со спроведување на „Зелениот договор“. Меѓутоа при постигнување на амбицозните цели за климатска стратегија за намалување на штетните гасови и јаглеродна неутралност во Европа до 2050 година, голем товар е ставен на грбот на земјоделците и нивните способности за складирање на јаглеродот во земјата.
И додека првите пазари за агројаглерод веќе се развиваат во Австралија, САД и Канада, овој пазар во ЕУ би можел да заживее во наредните пет до десет години, наведува Future farming појаснувајќи што ги спречува европските земјоделци во стекнување на овие големи можности низ искуствата на нивните прекуокеански колеги.
Истражувањата покажуваат дека земјоделското земјиште ширум светот главно изгубило околу половина од овој елемент што го имало пред педесет години и тоа поради интензивната обработка на земјиштето. Значи, годишно се губи повеќе отколку што се враќа преку растителните остатоци и ѓубривото.
Оваа загуба варира зависно од климатскиот регион и типот на почвата. Така според некои нови испитувања американските научници пресметале дека на еден земјоделец би му биле потребни од 13 до 26 години со апсолутен минимум на додавање на јаглерод во земјата за да го постигне максимум кој може да го задржи.
Во текот на последните три децении органската форма на оваа материја се акумулира во тлото главно со примена на системот за одгледување посеви со редуцирана обработка, но и со додавање на повеќе арско ѓубре. Значи, со намалена или изоставена обработка, земјиштето е помалку „пореметено“, што резултира со негово помало оксидирање, а со тоа и на испуштањето на CO2 во атмосферата преку дишење на почвата.
Австралиските „одгледувачи“ на јаглерод (Carbon Farmers of Australia) истакнувааат дека земањето примероци за утврдување на јаглерод во земјиштето мора „да го направи“ независно лице, кое ќе го измери со помош на лабораториски методи.
Мерењето на органскиот јаглерод е прв чекор, но за земјоделците навистина да заработат на пазарот би било потребно да се намали моменталната неефикасност и трошоците кои се однесуваат на предизвикување, мерење и проверка, истакнуваат американските стручњаци.
Проценуваат дека побарувачката наскоро „ќе експлодира“, но на земјоделците им треба време да направат промени на своите фарми. Најголем предизвик веројатно ќе биде адекватното плаќање на јаглеродните залихи, собирање и евидентирање на податоци. Тоа е долготрајно и може да вклучува и можност на грешки, па тука дигиталното земјоделство ќе игра клучна улога.
Извор: www.agronews.rs
