Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Исплатени субвенциите за обележани грла овци, кози и женски приплодни грла – маторици


Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици.
Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553.9 милиони денари за 2664 одгледувачи на овци.
Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53.5 милиони денари за 1439 одгледувачи на кози.
Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9.96 милиони денари за 375 одгледувачи на женски приплодни грла – маторици.
“Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следи и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците кои имаат пријавено пчелни семејства,, – посочи директорот Бачовски.

Мар 16, 2023agrotim3
Зголемен водостојот на Преспанското ЕзероНе ги фрлајте листовите од ротквицата - Лековити се, вкусни и хранливи

Напишете коментар Откажи одговор

16/03/2023 Субвенциикози, овци449

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019