Денес се исплатија 416.722.200 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за
-мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници.
-мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници и
–мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници и
Барателите ги поднесоа барањата за овие мерки во период мај-јуни 2024 година, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рекордно време ги обработи и исплати средствата.