Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИПАРД караванот утре во Могила и Кривогаштани, задутре во Демир Капија и Валандово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > ИПАРД караванот утре во Могила и Кривогаштани, задутре во Демир Капија и Валандово
Фондови

ИПАРД караванот утре во Могила и Кривогаштани, задутре во Демир Капија и Валандово

Објавено 09/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инфо-деновите на кои заинтересираните земјоделци можат да дознаат нешто повеќе за мерките од ИПАРД2 програмата, утре продолжуваат во Могила и Кривогаштани.

Задутре, ИПАРД карванот продолжува во Демир Капија и Валандово.

-Сите заинтересирани земјоделци, носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци или правни лица од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната Мерка 1, со цел да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според Министерството, сѐ поголема е заинтересираноста на граѓаните за ИПАРД фондовите. Земјоделците се сѐ поприсутни на средбите со Телото за управување со ИПАРД.

-Инфо-деновите се организираат во сите општини и на нив се презентираат бенефитите од користењето на ИПАРД мерките. Притоа, во фокус е Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“. Висината на финансиската поддршка за Мерката 1 е 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, а се зголемува до 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства реализирани од млади земјоделци или 70 проценти за инвестиции во планинските области, стои во соопштението од МЗШВ.

Министерството потсетува дека на 29 февруари е отворен Јавен повик за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по Мерката 1 и ќе биде активен за пријавување до 14.04.2020 година.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
Најмногу дожд во Демир Капија и Штип, најстудено утрово во Берово
Таг:демир капијаденовиинфоИпард
Претходен напис Утре завршува рокот за мерката за финансиска поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци
Следен напис Исплатени субвенциите за пчеларите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?