Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИПАРД Инфо денови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > ИПАРД Инфо денови
Фондови

ИПАРД Инфо денови

Последна измена: 20/10/2019 22:08
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Оваа е втора работна недела во која се спроведуваат Инфо денови во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Охрид беше последната локација во која што се реализираше последниот инфо ден за оваа недела. До сега претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид.

Во Охрид главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година. Благодарение на претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој сите заинтересирани сега се запознаени со можностите и предностите од мерка 7.

Покрај сите детали на нив им беа претставени и најприфатливите инвестиции како градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување. За оваа година од ИПАРД Програмата се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.

Инфо деновите за ИПАРД Програмата ќе продолжат и наредната недела во Калиште или Радолиште и Вевчани на 25 октомври 2019 година.

Информациите околу инфо деновите, деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/.

Може да ви се допадне

Претставници од ЕУ на средба во Платежна агенција на тема ИПАРД
Американскиот долар во раст по економските податоци, на пат за четврта недела со добивки
Владата го собира вишокот пари од институциите – во март и април огромен скок на приходите во буџетот
Македонија ќе му понуди нула царини на трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Таг:бизнисиИпардпарифокусфонд
Претходен напис ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО – СИГУРНА ЗАРАБОТКА
Следен напис (ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?