Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИПАРД 2 мерката голем потенцијал за инвестиции во руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ИПАРД 2 мерката голем потенцијал за инвестиции во руралниот развој
АгровестФондови

ИПАРД 2 мерката голем потенцијал за инвестиции во руралниот развој

Објавено 28/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска во Охрид ги информираа потенцијалните апликанти за мерката 7 од ИПАРД програмата 2014-2020 за поддршка на земјоделството, но кога станува збор за Охридскиот регион тоа е пред се поддршка на проектите за рурален развој.

– Оваа мерка финансира неколку потсектори меѓу кои покрај изградба на индустриски капацитети во рурални средини, како производство и преработка на метал, керамика, пластика, дрво, сите занаетчиски дејности, така и изградба и адаптација на посточеки угостителски и сместувачки објекти, домови за стари лица, пчеларство како алтернативно земјоделство, производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци… Секоја инвестиција што би била одобрена ќе биде поддржана со 65 проценти од предвидените трошоци, рече Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Според Бачовски, Северна Македонија важи за лидер во Западен Балкан доколку се земе предвид искористеноста на предвидените средства. Тој истакна дека она што во земјата е искористено преку оваа мерка е сумирано повеќе отколку сето остварено во Црна Гора, Албанија, Србија заедно.

– Како најбројни се јавуваат физичките лица односно земјоделците кои преку друга мерка набавуваат механизација, ги обновуваат своите насади, опрема за постребени активности на земјоделските производи, системи за наводнување капка по капка… Силно инвестираме во преработката, тоа е важно за нашето земјоделство оттаму што додава вредност на основниот производ и тоа на што треба да се фокусираме во иднина, рече тој.

Најдобриот чекор да се поедностави процедурата за остварување на правото да се обезбедат средства за финансирање преку програмите на ЕУ е потенцијалните апликатни детално да се запознаат со процесот на изготвување на потребната документација, токму преку овие средби што ги организира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

– Ние не сме тие што ги креираат условите околу документацијата, ние ги следиме европските правила. ИПАРД е во суштина инструмент што треба да не приближи до некои стандарди, своевидна генерална проба што подоцна како членка на Унијата ќе ни овозможи да бидеме добри корисници на тие фондови. Процедурите не се сложени и тешки, доколку постои соодветна заинтересираност и сериозност кај потенцијалните апликанти, рече Бачовски.

Крајната цел на овие работилници е да се запознае јавноста за поволностите што ги нуди мерката 7, но и условите што треба да се исполнуваат. Овој повик што е на сила до 22 август е последниот од ИПАРД 2 програмата, со буџет од 9,6 милиони евра, од кои преку поврат на инвестиции макисимално можат да се обезбедат до милион евра.

https://agrotim.mk/bachovski/

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:ипард 2
Претходен напис Од Српската трговска комора го најавија бизнис форумот во Скопје со 350 компании од регионот
Следен напис Температури во портокалова фаза, да се почитуваат препораките за заштита на здравјето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?