Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов трактор и механизација со 70% неповратен грант од ИПАРД: Аплицирајте до 29 март 2025
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Нов трактор и механизација со 70% неповратен грант од ИПАРД: Аплицирајте до 29 март 2025
ИПАРД

Нов трактор и механизација со 70% неповратен грант од ИПАРД: Аплицирајте до 29 март 2025

Објавено 27/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита.

Начинот на аплицирање е со поднесување на деловен план/технички предлог проект и придружната документација наведена во официјалниот текст на јавниот повик најдоцна до 29.03.2025 год.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат земјоделски стопанства кои се регистрирани во ЕРЗС и се занимаваат со растително производство (житни, индустриски и фуражни култури, лозови насади, други култури од Анекс I) или сточарство (говеда, свињи, овци, кози, живина, друг добиток од Анекс I).

Земјоделските стопанства може да бидат:

1. Семејно земјоделско стопанство

2. Индивидуален земјоделец

3. Микро, мали и средни претпријатија

Покрај земјоделски стопанства, на јавниот повик може да аплицираат задруги и здружени правни лица (за колективни инвестиции).

ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Основната поддршка преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Процентот на кофинансирање се зголемува до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (линк до листата)
  • 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 до 40 години)

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 750.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 20.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 20.000 евра нема да се разгледуваат.

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

  • Трактори ЕУРО 5
  • Мотокултиватори
  • Фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки
  • Ѓубрерастурачи за минерални и арски ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво
  • Култиватори, расадосадачки
  • Опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/сетвоспремачи
  • Прскалки, атомизери, опрема за кроење, чистачи на плевел
  • Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, собирач на пченка, копач, берачи
  • Машини за грубо рамнење/чистење на почва
  • Сортирачка, калибратор
  • Опрема за транспорт на овошје и зеленчук

ВАЖНО: Прифатливи за поврат до 70% се и трошоците за консултантски услуги за подготовка на проектна документација. За професионална подготовка јавете се на тел. 071 285 385 или испратете e-mail на [email protected]

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ НА ТРАКТОРИ

Набавката на трактор треба да биде во согласност со горната граница за моќност изразена во киловати (kW) согласно регистрираниот производствен капацитет на земјоделското стопанство.

ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ha)ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Лозови насади (само вински сорти)1-1060
10-5080
над 50100
Житни и индустриски култури1-1080
10-50110
над 50150
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (добиточни единици)ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Говеда за тов и млечни крави10-2060
20-5080
над 50100
Свињи8-10060
100-50080
над 500100
Овци/кози10-5060
над 5080
Живина10-14060
140-140080
над 1400100

НАПОМЕНА: Во случај корисникот претходно да користел ИПАРД грант за набавка на нов трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД III програмата. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.

За подготовка на проектна документација јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Продолжува реализацијата на ИПАРД 3, потпишани 5 нови договори
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
Таг:грантземјоделскаИпардјавен повикмерка 1механизацијаТрактор
Претходен напис (ВИДЕО) Тутунопроизводителите НЕ се задоволни од понудените ЦЕНИ за новата реколта
Следен напис УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?