Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте во сточарството преку ИПАРД 3 програмата – Изградба на фарми за говеда, свињи, овци, кози и живина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Инвестирајте во сточарството преку ИПАРД 3 програмата – Изградба на фарми за говеда, свињи, овци, кози и живина
Фондови

Инвестирајте во сточарството преку ИПАРД 3 програмата – Изградба на фарми за говеда, свињи, овци, кози и живина

Објавено 12/03/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на
Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.


Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:


– подобрување на стандардот на земјоделците,

– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,

-зголемување на вработеноста во руралните средини,

-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

Исто како и во ИПАРД I и ИПАРД II програмите, Мерката 1 ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА ќе биде застапена и во новата ИПАРД III програма( 2021-2027), чија имплементација се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.

Прифатливи сектори за поддршка со оваа мерка се:
• Сектор за растително производство
• Сектор сточарство
• Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на
земјоделското стопанство
• Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку
обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен
биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на
сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

Секторот сточарство опфаќа одгледување и изградба на фарми за

-Говеда (за млеко и гоење),

-свињи (за репродукција и гоење),

– овци и кози (за млеко и гоење),

– живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки);

Исто така во приоритетниот сектор Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, а во делот поврзан со сточарството спаѓаат и активностите поврзани со подготовка, директна продажба и други маркетинг активности на земјоделското стопанство, вклучително и за преработени производи на земјоделското стопанство како на пр.

-млеко и млечни производи,

– месо и месни производи;

Кој може да биде корисник :

I. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во
понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од
физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско
стопанство претставувано од правно лице.

I.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на
земјоделското домаќинство.

I.2 Индивидуален земјоделски производител

I.3 Земјоделско стопанство преставувано од правно лице

II. Задруга

Прифатливи инвестиции се :


• Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство
(како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, итн) ;


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за подобрување на стандардите на
благосостојбата на животните (постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и
размножување, чистење на арското ѓубре, одмор на отворен простор итн.);


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за заштита на животната средина
(енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на арско
ѓубре, отпад и третман на нус-производи, третман на вода, итн.), вклучувајќи и ублажување на
последиците од климатските промени (заштитни покривки, сенки и сл), вклучувајќи и
обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да
се задоволат потребите на земјоделското стопанство за сопствените активности на
земјоделското производство;

• Набавка на специјализирани транспортни приколки и возила, како што се земјоделски
приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на
производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт
на арско ѓубре, транспорт на опрема за биомаса и сл.;


• Развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и
реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за
снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување
(дренажа), артески бунари, оградување, итн. и други подобрувања на надворешниот простор од
имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите
земјоделски активности.

Во новата ИПАРД 3 програма е подигнат прагот на минималната вредност на инвестициите и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра.

Променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти, односно се предвидува авансна исплата на средства и тоа до 50 % од сумата.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра, за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Вкупната финансиска поддршка која ќе се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
Таг:инвестицииИпардфарми
Претходен напис Почна примената на антикризните мерки – Пониски цени на основните производи и на горивата
Следен напис ФИТР поинтензивно ќе ја вклучува науката во развој на македонски иновации!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?