Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте во растително производство преку ИПАРД 3 програмата – овоштарници, лозја, градинарски култури, житарици и др.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Инвестирајте во растително производство преку ИПАРД 3 програмата – овоштарници, лозја, градинарски култури, житарици и др.
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОЈавни огласи и повициРастително производство

Инвестирајте во растително производство преку ИПАРД 3 програмата – овоштарници, лозја, градинарски култури, житарици и др.

Објавено 21/12/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на
Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.


Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:


– подобрување на стандардот на земјоделците,

– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,

-зголемување на вработеноста во руралните средини,

-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

Исто како и во ИПАРД I и ИПАРД II програмите, Мерката 1 ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА ќе биде застапена и во новата ИПАРД III програма( 2021-2027), чија имплементација се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.

Прифатливи сектори за поддршка со оваа мерка се:
• Сектор за растително производство
• Сектор сточарство
• Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на
земјоделското стопанство
• Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку
обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен
биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива, користење на
сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

Сектор за растително производство опфаќа подигнување на нови насади со:

  • житарици,
  • индустриски и фуражни култури
  • градинарски култури (вклучувајќи и компир),
  • повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрвја (за производство на мед),
  • лозја

Исто така во приоритетниот сектор Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, а во делот поврзан со  растителното производство, директниот маркетинг се однесува на активности поврзани со земјоделските производи произведени на земјоделското стопанство, подготовка, директна продажба и други маркетинг активности на земјоделското стопанство, вклучително и за преработени производи на земјоделското стопанство како на пр.

  • овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури;
  • жита, мелничарски производи и производи од скроб;
  • растителни и животински масла и масти;
  • шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет.

Прифатливи инвестиции во овој проиритетен сектор можат да биде :

  • изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство( пластеници, стакленици, објекти за сместување на храна, и земјоделските машини и опрема, објекти за заштитни средства на растителното производство и т.н),
  • набавка на повеќегодишни дрва и растенија (овошни дрва, грмушки и трпезно грозје, маслинки, лозја, вклучително и придружни инсталации), набавка и/или инсталирање на нови машини, приклучна земјоделска механизација и опрема/инструменти за подобрување на активностите за земјоделско производство на земјоделското стопанство;
  • развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување (дренажа), артески бунари, оградување, итн. и
  • други подобрувања на надворешниот простор од имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите земјоделски активности.

Кој може да биде корисник :

I. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во
понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од
физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско
стопанство претставувано од правно лице.

I.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на
земјоделското домаќинство.

I.2 Индивидуален земјоделски производител

I.3 Земјоделско стопанство преставувано од правно лице

II. Задруга

Минимални капацитети
Сите баратели кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во
времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на обработливо земјоделско
земјиште регистрирано во Системот за идентификација на земјишни парцели со минималната
големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции,
како што следи:
• 0,3 ха во случај на инвестиции за одгледување на повеќегодишни растенија (култури) и
оранжерии;
• 0,5 ха во случај на инвестиции поврзани со производство на зеленчук на отворено;
• 1 ха во случај на инвестиции поврзани со производство на житни, индустриски и
фуражни култури
• 1 ха во случај на инвестиции во земјоделска механизација за растително производство,
вклучително ливади и пасишта.

Се очекува во новата ИПАРД 3 програма да биде подигнат прагот на минималната вредност на инвестициите и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра.

Една од најавените промените е начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Предлог-програмата за ИПАРД 3 предвидува авансна исплата на средства и тоа до 50 % од сумата.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Вкупната финансиска поддршка која ќе се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Имплементацијата на новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) се очекува да започне веќе во текот на 2022 година.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
ИПАРД 3 програмата на располагање на бизнис заедницата
Таг:ипард 3растително производство
Претходен напис Каква е состојбата со зимските посеви во Европа?
Следен напис Ноември 2021 година потопол и посув месец во споредба со просечните вредности
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?