Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мерка 7 од ИПАРД: Ви даваме пример за инвестиција во работилница за одржување на земјоделска механизација во висина од 30 000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Мерка 7 од ИПАРД: Ви даваме пример за инвестиција во работилница за одржување на земјоделска механизација во висина од 30 000 евра
Рурален РазвојФондови

Мерка 7 од ИПАРД: Ви даваме пример за инвестиција во работилница за одржување на земјоделска механизација во висина од 30 000 евра

Објавено 17/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во очекување на повикот за Мерка 7 од ИПАРД, ве запознаваме со основните услови и критериуми кои треба да се исполнат за да добиете неповратен грант од 65% од вкупната инвестиција. Овој пат за Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството – воспоставување и реновирање на работилници за одржување на земјоделска механизација, машини и опрема

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во обезбедување на услуги во земјоделството може да се аплицира за неповратен грант од 65% за воспоставување и реновирање на работилници за одржување на земјоделска механизација. Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – правно лице со место на инвестиција во Новаци  сака да започне да се занимава односно да инвестира во реконструкција и опремување на објект – работилница за одржување на земјоделска механизација. Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде од 1.500 евра до најмногу 1.000.000 евра. Во нашиов пример претпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 30.000 евра.

Документи кои се потребни при набавката на оваа опрема се:

  1. Целосно пополнето барање за користење на средства (кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорното лице
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука за извршување на занаетчиски работи – поправка на механизација
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека на барателот не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Новаци, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист од објектот каде ќе се врши дејноста и ќе се реконструира
  12. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина
  13. Една понуда од добавувач (од каде се планира да се земе опремата) до 10.000 евра со детална спецификација и изјава за земја на потекло, или 3 понуди од различни добавувачи доколку издадената понуда е поголема од 10.000 евра, придружена со терхничка спецификација и изјава за земја на потекло. Опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана.
  14. Копии од лиценца за градба за релевантната категорија
  15. Договор за општи трошоци
  16. Фактура за платени општи трошоци
  17. Понуда за општи трошоци
  18. Одобрение за реконструкција на постоечки објект
  19. Копии или електронска форма ЦД од основните технички цртежи и премер пресметка од ревидирана техничка документација
  20. Времена ситуација/ состојба за сите завршени градежни работи
  21. Технички предлог проект (консултантска куќа)
  22. Доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на занаетчиска дејност – Централен регистар

Целокупната документација се става во затворен плик и се испраќа до:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
ул. 3-та Македонска Бригада бр. 20
зграда на Македонија Табак блок Ц
1000 Скопје

со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијата и од овој момент може да се почне со реконструкцијата на објектот и  купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30 (црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворена работилницата во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 30.000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 19.500 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Таг:инвестицииИпардработилници
Претходен напис 11. Фестивал на младо вино на „Тиквеш“: И кога сѐ е вонредно, младото вино е извонредно
Следен напис Наскоро исплата на субвенции за млеко, предадени градинарски и овошни култури и други заостанати обврски за 2019
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?