Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Инвазивна болест на цитрусите ѝ се заканува на Европа – Инсектот што ја пренесува се појавил во Севиља


Инсектот кој ја пренесува болеста на цитрусите се појавил во шпанскиот град Севиља каде што најмногу ги загрозува стеблата на портокалите. Портокалите сочинуваат 25 отсто од градските дрвја и од нивните плодови се произведува карактеристичен мармалад.

Неопходно е градот да преземе мерки за превентивно да ги заштити своите 48.000 портокали од смртоносните бактерии кои веќе ги уништија плантажите со цитруси во Азија, Латинска Америка и САД, пишува Гардијан. Се проценува дека појавата на оваа болест би чинела околу 20 милиони евра, кои би требало да се потрошат за уништување и замена на зафатените стебла.

Кампања за спас на цитрусите

Европската Унија го започна проектот „Живот за цитрусите“, а во него се вклучени Шпанија, Португалија, Франција и Италија. Целта е да се создаде стратегија за запирање на ширењето на „huanglongbing HLB“, болеста на зазеленување на плодовите на ова овошје, исто така наречена болест „жолт змеј“.

Болеста е предизвикана од бактеријата Candidatus liberibacter која ја пренесуваат инсекти и може целосно да го уништи стеблото во рок од пет години.

Hoy estamos en #Valencia para dar a conocer el #LifeVidaForCitrus y sensibilizar sobre la importancia del uso de cubiertas vegetales, herramienta de retención y almacen de agua #LifeVidaForCitrus#CambioClimático #HLB #SanidadVegetal @ava_asaja
@AsajaMalaga
@LIFEprogramme pic.twitter.com/tWNNZgyl3z

— LifeVidaforCitrus (@LIFEforCitrus) October 19, 2022

Откриена е во Кина во 1943 година, во Африка во 1947 година, а до 2005 година почна да пустоши насади со портокали на Флорида. Инфекцијата достигна ниво на епидемија во 48 азиски земји и 53 африкански држави, како и во Бразил и САД. Се очекува во Европа, бидејќи е присутен инсектот кој ја пренесува оваа бактерија.

Инсектот Trioza eryteae или африканскиот цитрусен псилид е присутен на Канарските Острови, во Португалија и Галиција во северозападниот дел на Шпанија.

„Проблемот е во тоа што кога ќе стигне векторот, порано или подоцна пристигнува и болеста“, рече Франциско Аренас, раководител на Институтот за истражување „Лас Торес“ во Андалусија, Јужна Шпанија.

Симптоми на болеста и борба против болеста

Првиот знак на болеста е појавата на пожолтени и деформации. Заразеното растение има помал принос и се распаѓа во период од пет години. Не постои начин да се искорени болеста. Може да се преземат превентивни мерки или дрвјата да се уништат и да се заменат со нови.

Градскиот совет на Севиља и кампањата започнаа пилот програма за поттикнување на ширењето на инсектите и птиците, кои се природни непријатели на пренесувачот на бактеријата. Неопходно е да се работи со природата, а не против неа.

Во паркот Бухаира во Севиља, ќе се засади плантажа со портокали на површина од 1.800 квадратни метри со различни покривни видови, а ќе се постават и „хотели“ за бубачки и кутии за птичји гнезда за да се поттикне екосистемот сам да го спречи ширењето на инсектите пренесувачи и појава на болести. Видот Tamarixia dryi, кој ги лови ларвите на Trioza, ќе биде воведен во областа, бидејќи тие немаат автохтони непријатели.

Педро Торент Чокаро од Севилското одделение за паркови и градини изјави дека инсектите пуштени во Галиција дале добри резултати, а се планира во догледно време да бидат пуштени и во Португалија и Андалузија.

Окт 25, 2022agrotim3
Охрид се соочува со хиперпродукција на туристички водичи, додека некои туристички градови немаат ниту еденБочварски: Изградбата на браната на Отиња тече непречено

Напишете коментар Откажи одговор

25/10/2022 Агровестипортокали, севиља20

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019