Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Интервју) Фатмир Битиќи: Со донесувањето на закон за задолжително осигурување ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Интервју) Фатмир Битиќи: Со донесувањето на закон за задолжително осигурување ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство
АгровестиАгросектор

(Интервју) Фатмир Битиќи: Со донесувањето на закон за задолжително осигурување ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство

Објавено 26/05/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со донесување на новиот закон за задолжително земјоделско осигурување, кој е во фаза на подготовка, земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во нашата земја. Одговор на прашањата до каде е постапката на донесување на законот, што ќе се постигне со формирањето на осигурителен пул и кога се очекува да се воспостави ова системско решение, ни даде заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Владата на Република Северна Македонија изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани. Можете ли да ни кажете до каде е постапката за носење на законот?

-Постапката на донесување на овој закон е веќе во последна, завршна фаза. Процесот на изготвување на законското решение беше интензивен и инклузивен, одржавме повеќе состаноци заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставници од министерството, на кои учествуваа голем број на осигурителни компании кои на пазарот нудат земјоделско осигурување, ги слушавме нивните размислувања, предизвиците, предлози со кои се соочуваат на ова поле, затоа што земјоделството е една жива стопанска гранка, една жива материја која е многу тешко да се предвиди. Непосредно веќе сме сведоци на климатските промени кои исклучително лошо се одразуваат врз земјоделското производство. Заедно со Mинистерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување поставивме едно системско решение на проблем кој 32 години се провлекува без конкретен институционален одговор. Последните информации што ги имам е дека се доработува и усогласуваат уште некои технички работи помеѓу Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Mинистерството за финансии, па се очекува Законот во таква форма да биде доставен до Влада, по што сите засегнати страни ќе имаат прилика да го разгледаат, да дадат свое видување и конечно да го решиме овој горчлив проблем на земјоделците.

Првичните реакции на земјоделците се позитивни, ваше мислење за потребата од вакво законско решение?

-Со ова законско решение ќе се овозможи сигурност во земјоделското производство, но ќе се направи и важен чекор напред во воведувањето на европски стандарди во оваа важна стопанска гранка во државата. Целта на Владата не е само развој и унапредување на економската активност во градовите, туку и рамномерно развивање на руралните делови, каде земјоделството преовладува. Една од целите на Владата е Република Северна Македонија да стане лидер во регионот во производство на земјоделските производи за кои реално имаме одлични услови. Климатските промени се наметнуваат како сериозна и реална закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои се исплаќаат штети од временски непогоди. Затоа ценам дека е вистинско време да воспоставиме организиран пристап во заштитата на земјоделското производство преку систем на земјоделско осигурување.

Сведоци сме на милионски средства кои секоја година се одвојуваат од буџетот за штети на земјоделските култури од временски непогоди. Дали земјоделскиот ПУЛ е долгорочно решение за земјоделските производители за овој сегмент од нивното работење?

-Ова е најдобро и долгорочно решение за решавање на овие проблеми. Вакви пулови има веќе воспоставено во Шпанија, Израел, Турција и во САД. Со овој пул се очекува дека ќе се воведе решение кое ќе има за задача да ги осигура земјоделците дека во случај на неприлика, нивниот труд ќе биде платен како што треба. Од друга страна овој закон ќе ги намали цените на осигурителните полиси, ќе го доближи секторот осигурување до вистинските земјоделци, и ќе гарантира правичен систем за проценка и исплата на штети како што тоа е пракса во секоја земја на ЕУ. Во 2022 година во нашата држава околу 2.700 земјоделци ги осигурале своите поседи и производството. Се очекува со донесувањето на ова ново законско решение, бројот на осигурани земјоделци да биде околу 80.000.

Кога се очекува да се воспостави и државата да добие системско решение, а земјоделците финансиска заштита од климатските непогоди?

-Ние како Влада си поставивме рок да се реши овој проблем во најкраток можен рок, значи нема чекање, ниту одложување на еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Ние и на состаноците со компаниите од осигурителниот сектор кажавме и зазедовме став дека нема да толерираме да се манипулираат земјоделците, или да не им се исплаќаат штетите навремено, а најгласни бевме кога се работеше за сумата која треба да ја добијат. Како што знаете, во Владата функционира Комисија за штети од природни непогоди која за секоја настаната штета исплаќа само 10% од проценетата штета, која општините со целата потребна документација, како што наложува законот, ја доставуваат до Владата, односно до Комисијата. Се надевам дека набрзо ќе се завршат овие формалности и дека примената на Законот за задолжително земјоделско осигурување ќе почне да се применува не подоцна од 01.01.2024 година.

Може да ви се допадне

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
Таг:задолжително земјоделско осигурувањеземјоделско осигурувањефатмир битиќи
Претходен напис Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани
Следен напис АСПАРАГУС – Услови и начин на производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?