Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа
Агровести

Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари.

Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини.

Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени.

– Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството, пренесе МИА.

На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале во петокот попладне, договорено е на почетокот на оваа недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

Оризопроизводителите биле информирани дека за оризот веќе е почната постапката да стане стратешка култура, а со што државата ќе може да го откупува за потребите на стоковите резерви.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:арпаоризцена
Претходен напис Објавен повикот за Најуспешен земјоделец за 2022 година во општина Кочани
Следен напис (ВИДЕО) Првите млекомати во Нови Сад работат 24 часа, а нудат свежо кравјо и козјо млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?