Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во Македонија
Агровести

Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во Македонија

Објавено 23/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна со функционирање платформата на клонот на ТИПС, која преставува технолошка основа за воспоставување на Националниот инстант платен систем и воведување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со гувернерите на централните банки од Западен Балкан – Гент Сејко (Албанија), Јасмина Селимовиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Исмаили (Косово) и Ирена Радовиќ (Црна Гора), денеска во Банката на Италија, заедно со гувернерот Фабио Панета и министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, официјално го одбележаа заокружувањето на процесот на воспоставување на регионалната платформа на клонот на ТИПС. Со овој чин се отвора ново поглавје во модернизацијата на платежната инфраструктура во нашата земја и во регионот, а инстант плаќањата стануваат реалност.

Со денешното воспоставување на инфраструктурата на националниот систем за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС се прави значаен исчекор во развојот на домашниот платен промет. Согласно утврдената динамика на имплементација, предвидено е деловните банки во земјата да го завршат процесот на техничко поврзување и пристапување кон системот заклучно со јануари 2027 година, по што услугата за инстант плаќања ќе стане целосно оперативна и достапна за граѓаните и за бизнис-секторот преку сите банки во државата. Тоа ќе овозможи парите да се пренесуваат за само неколку секунди, во кое било време од денот и ноќта, секој ден во годината, вклучително и за време на викендите и празниците. Со тоа, граѓаните и компаниите ќе добијат пристап до побрзи, поефикасни и современи начини на плаќање, усогласени со европските стандарди.

Клонот на ТИПС е платформа развиена и управувана од Банката на Италија, врз основа на технологијата на ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement)  ̶ услуга на Евросистемот за порамнување на инстант плаќањата во пари на централните банки. Преку неа се овозможува порамнување на плаќањата во реално време, како во националните валути на петте земји учеснички од Западен Балкан, така и во евра. Оваа заедничка технолошка основа претставува важен предуслов за поврзување на националните системи за инстант плаќања и нивна интеграција со европската платежна инфраструктура.

- Реклама -
Ad image

Проектот започна минатата година, а од ноември годинава сите пет земји од регионот се приклучени на платформата овозможувајќи извршување инстант плаќања во националните валути на петте земји. Во следниот период се очекува овозможување и на прекугранични плаќања во евра помеѓу овие земји. Со тоа се создаваат услови за поефикасен и поврзан регионален платежен простор, зајакнување на соработката меѓу централните банки и унапредување на прекуграничните плаќања. Заедничката иницијатива претставува и конкретен чекор кон приближување на платните системи во регионот до европските стандарди и практики.

Гувернерите на централните банки од регионот ја истакнаа важноста на оваа иницијатива за поврзување на националните системи за инстант плаќања и за создавање можности за нивна идна интероперабилност со европската платежна инфраструктура. Со тоа се поставува основа за регионален систем што ќе овозможи побрзи и поефикасни прекугранични трансакции, како и поширока достапност на современите дигитални платежни услуги.

Придобивките од новата инфраструктура ќе одат многу подалеку од брзината на извршување на плаќањата. Таа ќе овозможи развој и воведување нови дигитални услуги, како што се иницирање плаќања со користење мобилен телефонски број или електронска адреса, барање за плаќање, проверка на примачот, онлајн плаќања и плаќања преку интероперабилни кодови. Овие можности ќе придонесат за полесно секојдневно плаќање, поголема употреба на дигиталните канали, особено кај трговците и малите компании и забрзување на дигитализацијата на јавниот и приватниот сектор.

Народна банка на Република Северна Македонија

Може да ви се допадне

Водата во Скопје безбедна и исправна за пиење
Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday
МЕД ги додели првите стипендии за студенти од Преспа, финансирани од ЕУ
Повеќе делови од Скопје денеска без вода
Посета на претставници на Европската комисија и осми состанок на Комитетот за следење на ИПАРД III
Таг:Инстант плаќањатаМакедонијанова ера
Претходен напис Минусни температури утре и задутре, за викендот снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?