Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday
Агровести

Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday

Објавено 23/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „АРНО“ и скопскиот центар за поправки „Ништо ново“ и оваа година, по втор пат, се приклучуваат кон глобалното движење Circular Monday, кое одбележува десет години од своето постоење. Минатогодишниот Црн петок (Black Friday) и Сајбер неделата (Cyber Week) достигнаа историски врв, при што светската продажба достигна рекордни 336,6 милијарди долари. Додека Црниот петок соборува нови рекорди од година во година, овој ден — понеделникот пред Црн петок — ги повикува луѓето да погледнат подалеку од етикетата со цена и да ја вратат вистинската смисла на зборот „вредност“.

„Подобра зделка не треба да значи само поевтина. Поправен телефон, половно сако, дупчалка позајмена за едно попладне: ниту една од овие работи не е компромис, туку секоја од нив е паметен избор“, вели Александра Давидсон, соосновачка и глобална лидерка на Circular Monday. „Ти одлучуваш колку нешто вреди — не трговецот со својот календар за попусти. На тоа мислиме кога велиме: вратете ја вредноста во свои раце (put the U back in value).“

Основано во Шведска во 2017 година како позитивен пандан на Црниот петок, Circular Monday прерасна во независно светско движење кое опфаќа 60 земји, поврзувајќи волонтери, брендови и креатори на промени кои застапуваат поправки, повторна употреба и внимателна потрошувачка. Само во 2025 година, кампањата достигна 108 милиони луѓе во 58 земји, без платено рекламирање.

Преку локалните активности за поддршка на зелени социјални бизниси и преку центарот за поправки „Ништо ново“  кој промовира практики како поправки, размена, позајмување и библиотека на предмети, АРНО продолжува да ги инспирира промените во секојдневието.

- Реклама -
Ad image

„Оваа кампања не проповеда како не треба, туку покажува како може — подобро е милиони луѓе да прават мали, свесни избори отколку неколку стотици да живеат совршен одржлив живот. Затоа ги носиме во наративот и импакт-претпријатијата, вклучително и македонските циркуларни бизниси и зелени социјални претпријатија. Ние веруваме дека можеме да купуваме и користиме производи и услуги од претпријатија кои прават добро за животната средина и заедниците. Преку проектот „Инвестираме во промени“ токму ним ќе им нудиме поддршка, а преку нов ИПА проект ќе имаме работилници за поправки и едукативни настани“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Повеќе информации за глобалната иницијатива и начините за вклучување можат да се најдат на официјалната веб-страница circularmonday.com, како и на каналите на социјалните мрежи на АРНО и центарот „Ништо ново“.

Може да ви се допадне

МЕД ги додели првите стипендии за студенти од Преспа, финансирани од ЕУ
Повеќе делови од Скопје денеска без вода
Посета на претставници на Европската комисија и осми состанок на Комитетот за следење на ИПАРД III
„Вкусовите на Кореја“ денеска во Почесниот конзулат на Кореја во Скопје
Од пластеник до претседателска фотелја: Земјоделец на чело на српското Собрание
Таг:Circular MondayодлучувашСветот
Претходен напис Ќофтиња од карфиол
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?