Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инспекциски служби вршат проверка на работењето на концесионерот со Охридското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Инспекциски служби вршат проверка на работењето на концесионерот со Охридското Езеро
Шумарство и водостопанство

Инспекциски служби вршат проверка на работењето на концесионерот со Охридското Езеро

Последна измена: 14/12/2019 18:33
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги испратило сите свои инспекциски служби да спроведат проверка на работењето на концесионерот што стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро.

Рибарите од Радожда обвинија дека концесионерот работи незаконски со потконцесионер во струшкиот дел од езерото на потегот од Подмоље до кампот „Треска“, со кого преговараат и договараат услови за риболов. Тие јавно изјавија дека се ангажирани без договори, како и оти воопшто не се водело евиденција за уловената риба. И во минатото беше посочувано дека на хартија се запишува одредена количина, наспроти реално изловената риба со тежина и по неколку пати поголема од декларираната.

Неодамна Охридското Езеро доби нов концесионер што наредните шест години треба да стопанисува со рибниот фонд. Фирмата „Летница Белвица“ од Струга го доби езерото на користење со изменета риболовна основа. Измените се однесуваат во делот на утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.

Она што навистина е проблем е отсуството вистинска физичка заштита на рибниот фонд во езерото. Во Охрид и Струга јавна тајна е дека се врши неконтролиран излов на риба од езерото, и тоа не само преку злоупотреби од концесионерите, туку и од поединци и организирани групи кои вршат незаконски риболов пред очите на инспекторите, концесионерот, полицијата.

Ресорниот министер Трајан Димковски рече дека откако ги слушнал забелешките на рибарите, но и во медиумите објавените индиции за неправилности во работењето на концесионерот, минатата седмица ги испратил на терен сите три инспекторати – Државниот инспекторат за змјоделство, Пазарниот инспекторат и Трудовиот инспекторат.

– Направен е увид и она што ќе го добијам во извештаите ќе биде јавно објавено. Да не прејудицирам, но доколку има прекршувања единствен начин за уредување на прашањето ќе биде раскинување на договорите за концесија, рече министерот Трајан Димковски.

Што се однесува за соработката со албанската страна, Димовски додаде дека на средбата со неговиот албански колега разговарал околу грижата за рибата во Охридското Езеро.

– Треба заеднички да настапуваме, групите треба да работат, се надевам дека во блиска иднина ќе најдиме решение оттаму што тоа е голем проблем, рече Димковски.

Може да ви се допадне

Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Во подружницата на ЈП Национални шуми “Плачковица” , посеани се повеќе видови семе од багрем, јасен, јавор, каталпа…
Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Рестрикции на вода нема да има, во акумилацијата „Калиманци“ има вода
Таг:езероинспекцијаконцесионерохридскорибаренје
Претходен напис Илиевски кај тутунарите: Квалитетот на тутунот е одличен, Владата нека спрема поголем фонд за субвенции
Следен напис Бугарија: Дали ќе се зголеми контролата врз јагнешкото месо од Македонија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?