Информативната кампања за ИПАРД III продолжува со теренското присуство во сите населени места.
Следната работилница ќе се оддржи на 09.05 (вторник) во Виница во просториите на Ресторан Александар Парк со почеток од 11 часот.
„Ги повикувам сите заинтересирани земјоделци, производители на земјоделски преработки, занаетчии и сите останати физички и правни лица да ја посетат работилницата и одблиску да се запознаат со условите, критериумите но и можностите за финансирање на инвестиции преку ИПАРД III програмата.“, порача директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Информативната кампања за ИПАРД III продолжува во Виница
Остави коментар
Остави коментар
