Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија, Моди го нарече „мајка на сите договори“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија, Моди го нарече „мајка на сите договори“
Агровести

Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија, Моди го нарече „мајка на сите договори“

Објавено 27/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер

Индија и Европската Унија (ЕУ) успешно ги завршија преговорите за договор за слободна трговија, преговаран повеќе од 20 години, кој индискиот премиер Нарендра Моди го оцени за понуда на многу можности.

По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер. Индија и ЕУ се надеваат дека договорот ќе ја зголеми трговијата со намалување на царините во многу сектори.

Договорот треба да им овозможи на двете страни подобро да се заштитат од кинеската конкуренција и последиците од царините кои ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Постигнат е голем договор меѓу Европската Унија и Индија. Луѓето ширум светот го нарекуваат ‘мајка на сите договори’. Со него ќе се отворат можности за 1,4 милијарди луѓе во Индија и милиони луѓе во Европа“,рече Моди во говорот во Њу Делхи додавајќи дека договорот опфаќа приближно 25 проценти од глобалниот бруто домашен производ и една третина од светската трговија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од Њу Делхи порача дека Европа и Индија испишале историја.

„Создаваме зона на слободна трговија од две милијарди луѓе, од која двете страни ќе имаат корист. Ова е само почеток. Ќе го зајакнеме нашиот стратешки однос“,порача Фон дер Лајен.

Според претставници на владата на Индија, дека формалното потпишување на договорот се очекува се случи во наредните пет до шест месеци, а неговата целосна имплементација во рок од една година

Се очекува Моди и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да дадат заедничка изјава подоцна во текот на денот на самитот Индија-ЕУ во Њу Делхи, откривајќи детали за договорот.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ДоговорЕУИндијаМодислободна трговија
Претходен напис Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
Следен напис (ВИДЕО) Поплава во Струмичко – Удавени над 100 овци и јагниња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?