Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во срцето на Овче Поле – „ИЛИЕВСКИ ВИНАРИЈА“, нова ѕвезда на македонското винско небо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во срцето на Овче Поле – „ИЛИЕВСКИ ВИНАРИЈА“, нова ѕвезда на македонското винско небо
Агровести

Во срцето на Овче Поле – „ИЛИЕВСКИ ВИНАРИЈА“, нова ѕвезда на македонското винско небо

Објавено 26/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во срцето на Овче Поле, каде што сонцето несебично ја излева енергијата на лозовите насади, а земјата раскажува древни приказни, се роди нова ѕвезда на македонското винско небо – Илиевски винарија. Ова млада винска ќука од Свети Николе го носи духот на регионот во секоја чаша, преставувајќи го овлеполскиот тероат кадо неизоставен дел од винската култура на Македонија.

Основана е во 2021 година со капацитет од 70.000 литри и 5 ха лозови насади. Во изминатите години се инвестираше во подобрување на технолошкиот процес на преработка на грозјето и зголемување на капацитетот.

Вината имаат прекрасен баланс на овошни и цветни ароми што е карактеристично за нивните сорти и регион. Годишното ниво на производство помеѓу 50.000 и 70.000 шишиња овозможува одржување на строга контрола на квалитетот во сите фази на процесот.

Љубителите на црвени вина имат можност да ја откријата магијата на барик XXII, куве кое спојува три благородни сорти – Вранец, Кабарнет Совињон и Мерлот. Одлежано 12 месеци во дабови буриња, ова вино е симфонија на вкусови и ароми.

Со длaбока црвена боја и пурпурни нијанси, XXII е чиста сензацијa: интезивен мирис на сува слива, суптилни ноти на печено кафе и канела, и завршна комплетност од темно чоколадо. Тоа не само вино – тоа е вистинска емоција, создадена за моменти на уживање.

Илиевски ги преставува и своите свежи и елегантни бели вина, меѓу кои се истакнува Совињон Бланк, со овошна живост и лесна структура, Темјаника која плени со автентична свежина и цветни ароми, и Ризлинг, кој внесува рафинираност и хармонија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:барикбеловинаилиевски
Претходен напис АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
Следен напис Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?