Се предвидуваше дека војната во Украина и меѓународните санкции ќе ја запрат трговијата со руски производи, но очигледно е дека таа продолжува.
Податоците од руската влада ги дадоа првите навестувања за тоа како војната во Украина влијае на нивниот извоз, а анализата на Agricensus укажува на зголемена концентрација на извозните текови и клучни клиенти.
Податоците покажуваат неодамнешно зголемување на извозот на пченица од 900.000 тони во неделата до 17 февруари, благ пад на 800.000 тони во неделата до 24 февруари кога започна конфликтот. Но, до 3 март количината се преполови на 400.000 тони.
Аналитичарите и инвеститорите ги следат податоците додека се обидуваат да го проценат ова влијание врз, како што велат, најголемиот извозник на пченица во светот. Според нивните податоци, Русија го зголемува извозот на преработени производи и добиточна храна.
Тргување со пченица
Кога станува збор за трговијата со пченица, забавување на темпото е забележано во периодот од 17 февруари до 3 март, со главен вкупен извоз за пазарната година, кој достигнал 26,4 милиони тони. Извозот е за 23 отсто помал од претходната година.
Турција и Египет продолжиле да увезуваат и купиле по 100.000 тони секоја до неделата на 5 март. Турција сега увезува 4,9 милиони тони, што е за два отсто помалку од минатата година. Египет достигнал 3,9 милиони тони, значителни 48 отсто помалку.
Водечка улога во увозот на руска пченица имаат африканските земји со вкупен обем од 8,3 милиони тони, претекнувајќи ги земјите од Блискиот Исток во кои вкупната количина достигна 8,2 милиони тони.
Казахстан увезе 200.000 тони пченица, што претставува зголемување од 82 отсто во однос на претходната година.
Азиските земји, исто така, го зголемија увозот на пченица од Русија во нецелосната маркетиншка сезона и тој сега изнесува 8 милиони тони, што е повеќе отколку во текот на целата пазарна година 2020/21.
Извоз на пченка и јачмен
Извозот на пченка се зголеми за 100.000 тони во текот на извештајниот период, и покрај падот во периодот до 3 март. Забележано е зголемување од 15 проценти во однос на претходната година.
Казахстан, исто така, го зголеми увозот на руска пченка во првите шест месеци од маркетиншката сезона 2021/22 на 7.000 тони, што е веќе за 27 отсто поголемо од обемот на увозот во целата 2020/21 година. Слична е ситуацијата со Азербејџан и Белорусија.
Извозот на јачмен не е забележан во извештајниот период, а намалувањето во однос на претходната година изнесува 37 отсто.
Трговија со преработени производи
Податоците покажаа и дека Русија го зголемила извозот на производи од пченица.
Извоз од 200.000 тони забележа пченичното брашно. Тоа е за 81 отсто повеќе отколку во истиот период во 2020 година. Растечката побарувачка за него влијаел извозот да биде блиску до нивото од 2020/21 година.
Мешунките поставија рекорди по учество и обем на извозни испораки со 3,1 отсто и 1,6 милиони тони, пренесува Agroklub.
