Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска: Повеќе од милион куни поддршка за селските домаќинства и земјоделските стопанства кои се занимаваат со туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хрватска: Повеќе од милион куни поддршка за селските домаќинства и земјоделските стопанства кои се занимаваат со туризам
АгровестиРурален Развој

Хрватска: Повеќе од милион куни поддршка за селските домаќинства и земјоделските стопанства кои се занимаваат со туризам

Објавено 07/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дека туризмот во хрватска претставува важна стопанска гранка се покажа и во Осјечко –барањската општина со потпишувањето на договори за поддршка на континенталниот туризам. Биле потпишани договори со 29 семејни земјоделски стопанства и селски домаќинства кои нудат сместувачки услуги во овој регион.

Станува збор за деловни субјекти  кои до сега не биле опфатени со некоја државна мерка за надминување на последиците од епидемијата со корона вирусот, а бидејќи туризмот е една од најзагрозените стопански гранки, општината им одобри финансиска поддршка од својот буџет.

Поддршката изнесува до 5000 куни за секој сместувачки капацитет во индивидуалното семејно земјоделско стопанство или селско домаќинство.

“За ова поддршка почнавме да се подготвуваме уште на почетокот на годината кога веќе беше јасно дека пандемијата ќе направи огромни проблеми во стопанството, земјоделството и туризмот. Најпрво ја чекавме државната помош, за да можат парите да стигнат во вистински раце.“  изјави тамошниот жупан Иван Анушиќ, појаснувајќи дека всушност се работи за вкупна сума од 1,06 милиони куни наменети за сместувачките капацитети кои го одржуваат жив континенталниот туризам.

Директорката на општинскиот Управен оддел за туризам, култура и спорт Татјана Рот, истакна дека за овој тип на поддршка обезбедени се 1,7 милиони куни но засега од страна на семејните земјоделски стопанства се покажа дека има потреба за искористување на 1,06 милиони куни. Услов за користење на поддршката беше намален приход за 30% во јуни оваа година, во споредба со јуни минатата година, што значи дека дел од семејните земјоделски стопанства сепак добро работеле. Моментално се реализирани 55% од ноќевањата кои биле реализирани во истиот период од минатата година.

 Една од корисничките на оваа поддршка е и Николина Шариќ , сопственичка на селското домаќинство „Ана“ која рече дека оваа година имале намалување на прометот дури за 93% во однос на минатата.

„Во јуни минатата година имавме 58 ноќевања, а годинава само шест. Оваа поддршка ќе ни помогне да истраеме и да се надеваме на подобра наредна сезона. Не ни падна на ум да го затвориме домаќинството, особено затоа што Барања има предиспозиција да стане најдобра континентална туристичка дестинација“, заклучи таа оптимистички.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:континентален туризаммилион кунитуризамХрватска
Претходен напис Хоџа:Откупувачите на тутун потврдија дека се обезбедени средства за откуп
Следен напис (ВИДЕО) Погледнете како се одгледува брусницата, работите започнуваат во зима кога полињата се покриени со снег…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?