Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хранење на козите пред припустот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Хранење на козите пред припустот
Совети

Хранење на козите пред припустот

Објавено 16/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Козата е сезонски полиестрично животно, што знзчи дека се пари во одреден период
од годината, ( од Август до Декември ), во период кога дневната светлина е намалена, а со
тоа е темпирано времето на јарење во период кога почнува вегетацијата.

На козата не и треба многу храна, но таа треба да е квалитетна. Козата како и другите
животни го наследуваат својот генетски потенцијал за производство на млеко,месо или
јариња само ако ги имаат добиено сите потребни хранливи материи во потребните
количини во (дажбата) оброкот.

Козата е позната по својот темперамент.Тие се животни кои одат, се качуваат,скокаат
во барање и одбирање на храна која им овозможува да преживеат и во сушни услови на
исхрана своите потреби ги надополнува во шталата со додавање на концентрат.

Кога имаат на располагање разновидна храна тие ја одбираат нај квалитетната и го
изедначуваат оброкот во понудената вегетација и поради високата селективност можат да
остават 50% од понудената храна не искористена. Козата ги сака скоро сите типови на
растенија но нјповеќе ги сака грмушките и младите гранчиња.

Успешна репродукција кај козите во услови на оскудна исхрана, бара додатна
количина на енергија во време на парење и во последните два месеци од бременоста.

Енергетската потреба на плодот во првите три месеци на бременоста се занемарливи
т.е. козата се храни на разни одржни потреби во првата половина од четвртиот месец тие
потреби се зголемуваат и за 15%.

Пашата и брестењето се нај ефтината и нај природна храна за козите. Природните
пасишта покриени со разновидни растенија се добар извор за хранливите материи. На
добро пасиште козата подмирува и до 60% од потребните материи во текот на летото, и
35% во текот на зимата.

Затоа во текот на сушни летни периоди и во зима мора да им се дава дополнителна
храна првенствено концентрат. Зрнестите житарици се најдобар извор на енергија за
козите. Козите сакаат да јадат цело или искршено зрно од житарици. Тие се главен извор
на енергија, до колку се хранеле со зелена храна, паша или силажа. Но преголема
количина може да предизвика проблеми во варењето првенствено ацидоза на бурагот и
ентеротоксемија. Затоа козите треба да се привикнуваат на храната богата со јаглени
хидрати од житарици неколку дена и таа количина во оброкот не смее да биде поголема
од 35% во сувите материи во оброкот.

За време на зимскиот период хранењето на козите се врши пред се со сено и тоа;
2,5 – 3 кгр./дневно и кнцентрат 300гр./дневно или ако имаме сенажа се дава 4
кгр./дневно (со што се намалува количината на сено).

Во текот на цела година козата треба да има на располагање минерална сол во
форма на тула или кругови.

Веднаш по јарењето им се дава топла напивка од вода и трици, што е многу добро
како лаксативно средство но не треба да се заборави дека овие животни наскоро ќе влезат
во полна лактација ,која покрај одржна дажба потребно им е и храна за производство и
за опоравување на организмот од бременоста и породувањето.

Затоа треба да се состави квалитетен оброк кој ќе има сено или сенажа, концентрат
(смеска направена од пченка ,јачмен, овез , трици).

Контролата и управувањето со репродукцијата на козите најголема е во текот на
сезоната на ( припуштање) припуст односно во текот на припремата на козите и јарците за
припуср.

Добро направените припреми за припуст резултира со одредени знаци на водење ,
поголем број на оплодени јајцеклетки, поголем број на ојарени здрави јариња и на крај
поголемо производство на млеко што е предуслов за економичност и успешност за секое
козарско производство.

Дип.инж.агр.
Марика Миленковска

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:козитеприпустотХранење
Претходен напис Болести и штетници кај лешник ( Corylus avellana )
Следен напис ЦУК: Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?