Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Храната во светот повторно поскапува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Храната во светот повторно поскапува
Агровести

Храната во светот повторно поскапува

Објавено 09/09/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалните цени на прехранбените производи во август се во тренд на раст после два континуирани месеци пад, водени со силен скок на меѓународните котации на шеќер, пченица и растителни масла, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединатите нации (ФАО).

ФАО индексот на цената на храната, кој ги следи месечните промени во потрошувачката кошница од пет основни прехранбени производи – млеко, месо, житарки, шеќер и растителни масла – во август изнесуваше во просек 127,4 поени, што е раст од 3,1 отсто во однос на јули и за дури 32,9 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.

Цените на шеќерот пораснаа за 9,6 отсто во август во однос на јули, поради загриженоста поради штетите кои мразот ги нанесе на посевите во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер. Растот на цената на оваа намирница ја ограничи информацијата за добри производствени изгледи во Индија и Европската Унија, како и пад на цената на суровата нафта и ослабнувањето на бразилската валута, реалот, се наведува во извештајот објавен на веб-сајтот на ФАО.

Индекс на цените на ФАО / Месо/ Млеко и Млечни производи / Житарки / Растителни масла / Шеќер

Растителните масла на меѓународниот пазар поскапеа во август за 6,7 проценти, при што цените на палминото масло се вратија на историскиот максимум поради континуираното потфрлање во однос на производствениот потенцијал, што резултираше со намалување на залихите во Малезија. Цените на маслодајната репка и сончогледово масло исто така пораснаа.

Цената на житарките во август се зголемени за 3,4 отсто во однос на претходниот месец. Котацијата на пченицата забележа скок од 8,8 проценти поради предвидената послаба жетва во неколку големи земји извознички. Спротивно на тоа, цената на пченката падна за 0,9 посто, поради подобрите изгледи за род во Аргентина, ЕУ и Украина, со што се неутрализирани намалените прогнози за производство во Бразил и САД. Глобалните цени на ориз останаа на надолна патека.

Меѓународните цени на месото благо се зацврстија во тековниот месец, поддржани со силни кинески купувања на овчо и говедско месо и солидна увозна побарувачка во Источна Азија и на Блискиот Исток за живинско месо. Цените на свинското месо паднаа, покрај понатамошното намалување на побарувачката во Кина и послабата домашна побарувачка во Европа.

ФАО – индексот на цената на млекото благо опадна во август на месечно ниво, покрај падот на котацијата на млекото во прав поради слабата глобална увозна побарувачка и сезонски раст на извозните можности во Океанија, што го компензира порастот на цените на сирењето.

Во издвоениот извештај на пазарот на житарки, ФАО ја намали проценката на производство на жито во оваа година за еден процент на 2,78 милијарди тони. Исто така предвидува дека глобалното производство на пченица оваа година ќе биде помала за 0,7 проценти и дека ќе изнесува 769,5 милиони тони, главно поради негативните последици од продолжената суша во Северна Америка и неповолните временски прилики во Казахстан и Руската Федерација, земји кои се големи производители на лебно зрно.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:фао
Претходен напис Трговската размена 9,44 милијарди евра, трговскиот дефицит 1,448 милијарди
Следен напис Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во Ковид центарот во Тетово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?