Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови 
Агровести

Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови 

Објавено 06/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандската Партија за животните (ПВДД), чија примарна заложба е заштита на правата на животните и на животната средина, во својата програма за ноемвриските предвремени парламентарни избори во Холандија предлага бројот на добиток во земјата да се намали за 75 отсто со цел да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. 

– Сточарската индустрија е еден од најголемите емитери на стакленички гасови и причина за кризата во природата. Тоа доведува до загадување на нашите подземни води, нарушување на здравјето на локалните жители, губење на плодни површини, уништување на шумите и го зголемува ризик од нова пандемија, се вели во партиската програма на ПВДД. 

Според партијата, со намалување на сточниот фонд за 75 отсто „сите овие проблеми ќе се решат истовремено“. 

Согласно регулативите на ЕУ, Холандија е обврзана да ги намали емисиите на азот, за што властите во Хаг со години апелираат до сточарите за намалување на нивниот сточен фонд, но засега без резултати.  

Холандската Влада во мај предложи бројот на грла добиток да се намали на 2,5 до 3 на хектар, што беше отфрлено од страна на сточарите и резултираше со прекин на преговорите меѓу властите и сточарските здруженија. Ваквиот предлог би значел намалување на сточниот фонд во Холандија за 25 до 30 отсто, што е многу помалку од радикалниот предлог на ПВДД. 

Инаку, меѓу другото, во изборната програма на Партијата за животните се предлага и формирање на Министерство за клима и биодиверзитет, како и одземање на лиценците за работа на компаниите големи загадувачи на животната средина. 

МИА

Може да ви се допадне

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Таг:сточниот фондХоландска партијаштетни гасови
Претходен напис Македонска винска вечер во Будимпешта
Следен напис (ВИДЕО) „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?