Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Холандија има план од 25 милијарди евра за радикално намалување на бројот на добиток поради елиминирање на штетниот азот, сточарите бесни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Холандија има план од 25 милијарди евра за радикално намалување на бројот на добиток поради елиминирање на штетниот азот, сточарите бесни
Агровести

Холандија има план од 25 милијарди евра за радикално намалување на бројот на добиток поради елиминирање на штетниот азот, сточарите бесни

Објавено 17/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандската влада го претстави планот вреден 25 милијарди евра со кој треба радикално да се намали бројот на добиток во земјата.

За договорот за откуп на добитокот од фармерите, за да се обидат да се намалат нивоата на загаденост со азот, се расправа веќе подолго време, а конечно беше потврден по договорот на новата коалициска влада во Холандија претходно оваа недела. Тринаесетгодишниот план вреден 25 милијарди евра, вклучува плаќање на некои холандски сточари да се преселат или да ја напуштат индустријата и да им се помогне на другите да се префрлат на методите на органско земјоделство, со помалку животни и повеќе земја.

Планот, прв од ваков вид во светот, наиде на жестоки реакции кај земјоделците кои во последните години организираа големи улични протести. Стравуваат од трајно оштетување на производството на храна во земјава ако премногу земјоделци бидат принудени да се откажат од својата работа.

-Не сакаме системот да колабира. Јас сум сопственик на земјиште, па критично прашање е дали владата може да ги избрка земјоделците од земјата. Хаг не може да им каже на земјоделците дека мора да заминат, потребен ни е договор – рече фармерката Марија Клевер од холандскиот сојуз на млади фармери.

Иако меѓународно е пофалена како „мала земја што го храни светот“ и најголем извозник на месо на континентот, Холандија се бори со кризата со загадувањето предизвикана од вишокот домашни животни.

„Не можеме да бидеме мала земја што го храни светот ако при тоа сами се загадуваме и уништуваме“, рече Тјерд де Грот од партијата Демократи 66, која е дел од коалициската влада во Холандија.

Земјата има најголема густина на стока во Европа – повеќе од четирипати поголема од онаа на Велика Британија или Франција – со вкупно повеќе од 100 милиони говеда, кокошки и свињи.

Животните произведуваат ѓубриво кое, кога се меша со урината, ослободува амонијак, азотно соединение. Ако дојде до езерата и потоците преку истекување од фармите, прекумерните количини на азот може да ги оштетат чувствителните природни живеалишта.

Највисокиот холандски управен суд во 2019 година утврди дека владата ги прекршува законите на ЕУ со тоа што не прави доволно за да го намали вишокот на азот во ранливите природни области, поради земјоделските и индустриските активности.
Планот ќе започне како доброволна програма, со понудена компензација на сточарите. Крајниот резултат се очекува да биде блиску до една третина намалување на бројот на свињи, крави и кокошки во земјата.

„Не мораме да го храниме светот, но би можеле да покажеме како да се направи тоа на поодржлив начин“, рече фармерот за органски млечни производи Јаринг Брунија.

Но, лидерите на земјоделските здруженија рекоа дека ќе го прифатат планот само доколку сточарите сами одлучат за тоа и при тоа бараат повеќе време за намалување на емисиите кои мислат да ги постигнат благодарение на технолошките иновации.

Европскиот парламент ја нагласува важноста за поддршка и помош на земјоделците во преминот кон поодржливо земјоделство преку обезбедување соодветни советодавни обуки, стимулации и финансиски програми за поддршка на нивниот животен стандард и конкурентност во руралните области преку промовирање инвестиции и организација во синџирот на исхрана, зајакнување на малите локални фармери и поддршка на кратките синџири на снабдување.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:азотХоландија
Претходен напис На „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна, беа понудени можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделство
Следен напис Одгледување краставици на слама – побрзо растат и даваат поголем принос
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?