Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Пчелите не потсетуваат дека организираната работа носи резултати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Пчелите не потсетуваат дека организираната работа носи резултати
Агровести

Хоџа: Пчелите не потсетуваат дека организираната работа носи резултати

Објавено 22/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа ја посети пчеларницата на семејството Исмаили во Франгово, Струшко, каде одблиску се запозна со нивната работа, посветеност и значењето што пчеларството го има за развојот на земјоделството.

За време на посетата се разговараше за предизвиците и перспективите на секторот, како и за улогата на пчелите во опрашувањето на земјоделските култури, зголемувањето на производството и зачувувањето на екосистемот.

„Пчелите нѐ потсетуваат дека организираната работа носи резултати. Во една кошница секоја пчела има своја улога и придонесува за заедничкото добро. Тоа е вредност од која сите можеме да учиме“, истакна Хоџа.

Тој додаде дека пчеларството е многу повеќе од производство на мед и дека институциите треба да продолжат да креираат политики што ја поддржуваат работата, производството и развојот, засновани врз реалните потреби на производителите и постојана комуникација со луѓето кои создаваат вредност на терен.

Хоџа го истакна придонесот на пчеларите во развојот на земјоделството и локалната економија, нагласувајќи дека поддршката за пчеларството останува дел од заложбите за попродуктивен и поконкурентен земјоделски сектор.

Почит за семејството Исмаили и за сите пчелари кои со својата работа, трпение и посветеност даваат значаен придонес за земјоделството и локалната економија.

МЗШВ

Може да ви се допадне

На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути
Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
„CEF форум 2026“ на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“
Почнува летото
Европа под топлотен бран, температурите се искачуваат до 41 степен
Таг:ПчелитеработарезултатиХоџа
Претходен напис Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
Следен напис На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?