Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

„Хемометал“ им помага на производителите во подготовка на апликации за ИПАРД, млад земјоделец и други мерки


Компанијата „Хемометал“ Доо од Битола чија приоритетна дејност е продажба на трактори и земјоделска механизација, опрема за фарми, градинарска опрема и ситна механизација е вистински партнер на земјоделците.

Главното седиште на Хемометал е во Битола, краварски пат а нивната продажна мрежа е распространета низ целата држава

-Нудиме производи од најдобрите и најпрепознатливи светски брендови кои имаат докажан квалитет ширум европа и светот. Нашата палета на производи вам ќе ви овозможат зголемување на продуктивноста, а воедно и унапредување на вештините во земјоделието – велат од „Хемометал“,

Посочуваат дека нивната главна цел и стратегија се насочени кон воспоставување голем број пријателства и партнерства со земјоделците и секогаш се стремат на своите купувачи да им овозможиме брза и професионална услуга, целосен пристап до нови информации.

– Посебно сме горди и ни претставува огромна чест што сме една од водечките компании во Македонија, распространети со свои продажни места ширум целата територија на земјата, со изложена комплетна палета на производи достапна и блиска до секој земјоделец – потенцираат од компанијата.

Сервисниот центар на Хемометал е овластен за одржување и сервисирање на целосната опрема од нашата понуда. Нашите сервисери се професионално обучени и достапни комплетно за да одговорат на сите прашања и проблеми. Сервисот е опремен со соодветна техничка опрема и оригинал резервни делови за сите машини од нашата понуда.

Особено важно за земјоделците е одлуката на „Хемометал“ да им нудат помош , информации и консултации на секој клиент кој е заинтересиран за аплицирање на програмите за користење на средства од ЕУ инструментот за претпристапна помош – IPARD, Програмата Млад земјоделец за отпочнување на земјоделски бизнис за млади лица како и за сите други програми за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој во Македонија .

Ное 5, 2019agrotim1
До 18 - ти ноември трае повикот за „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2, фондот е 16,6 милиони евра(ВИДЕО) "Свилен Конец" - документарен филм во кој е опишан процесот на производство на свилен конец во Богданци
Коментари: 1
  1. Srecko
    21/01/2020 во 18:56

    zainteresiran sum za ipart programata penzioner sum i so mojata sopruga sakam e da se vratime na selo vo koe imame nasa zemja no nemame traktor i mehanizacija. dali postojat moznosti preku ipart programata da obezbedame barem osnovni masini za obrabotkako na pocvata.Ako posti moznost pomognete ni ,a nasiot izbor ke bidat vasite masini

    ОдговорОткажи

Напишете коментар Откажи одговор

05/11/2019 1 Коментар Механизацијабитола, механизација, мирко, Трактор, хемометал1,948

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019